Написи тагирани со GPS

32 написи
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Вака изгледаат FBI уредите за GPS следење на автомобилите

Wired и iFixit расклопија GPS уред за следење на автомобилите кој му припаѓа на Федерално биро за истраги (FBI) и кој е посебно направено за службите. Моментално во САД FBI бара дозвола од американскиот Уставен суд да ги користи овие уреди без потреба од налог да може да ги следи луѓето. Расклопениот GPS уред e oткриен под автомобилот на еколошки активист која го има уредот уште од 2005-та кога, најверојатно и сега, FBI ја следеле бидејќи е „анархист“.

1 коментар Прочитај 10 мај, 2011
Редакција
0
Виктор Дано Мобилни Хак-атак/Приватност

Стив Џобс: Android ве следи. Не ние.

Минатата недела беше откриено дека iPhone ја собира локацијата на корисникот. Подоцна ваква пракса на складирање на локацијата беше најдена и во Android, кој скоро на ист начин како и iPhone ги собира локациите, открива шведскиот програмер Магнус Ериксон. Android собира информации за локацијата од најблиските 200 Wi-Fi мрежи на кои што наидува и прави листа од 50 места. Кога таа листа ќе се исполни локацијите се бришат, првин најстарите, што е различно за iPhone кој чува локација од скоро година дена. Исто така поразлично од iPhone е што на Android е малку потешко да се дојде до фајлот со локациите, додека кај првиот тој фајл не е заштитен ниту енкриптиран.

5 коментари Прочитај 26 април, 2011
Редакција
0
Виктор Дано Мобилни

Со Layar 5.0 може да ја споделите содржината од проширената реалност

Најголемата новина кај Layar 5.0, апликација за iPhone и Android, е e што содржината од проширената реалност ќе може да ја споделувате на Facebook и Twitter. Друга новина е целосно редизајнираниот интерфејс и поголема интеракција со слоевите заедно со подобри анимации, што значи Layar не е ограничена на статични слики.

0 коментари Прочитај 14 април, 2011
Редакција
0
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи Интервјуа

Color објаснета, заедно со нејзините „шпионски“ квалитети

Неодамна претставениот Color привлече многу прашања и критики за своето брзо, мобилно и јавно споделување фотографии и видео според локацијата на која се наоѓа корисникот. За оваа апликација има неколку недоразбирања пред се поради чудното функционирање, па еден од основачите, Бил Нгуен, во долго интервју (скоро час време) ја објаснува нивната визија и идеја за апликацијата.

0 коментари Прочитај 30 март, 2011
Редакција
0
Тамара Атанасовска Веб Мобилни

Заглавени во сообраќајот? Google знае друг пат…

Google Maps Navigation (BETA) е систем за GPS навигација поврзан со интернет кој, користејќи информации за сообраќајот на патиштата, ви кажува кој пат е најдобро да го одберете.

0 коментари Прочитај 8 март, 2011
Редакција
0
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи

Краток водич за FourSquare

Можеби е чудно, малку застрашувачки да се споделува локација со стотина пријатели на друштвените мрежи, но гео-локациските сервиси стануваат хит во светот, но и во Македонија каде еден мал стартап станува интересно хоби за многу корисници.

2 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Свет

Google лансираше Nexus S телефон на 30 км над Земјата

Да не биде покус на аматерскиот проект на бруклинскитe татко и син кои лансираа iPhone во Вселената, Google сега го лансираше новиот Nexus S на 30 километри над Земјата.

1 коментар Прочитај 23 декември, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Мобилни Свет

Хрватскиот Infinum освои $100.000 за мобилна Bada апликација

Хрватската компанија Infinum освои 100.000 долари за својата badaSports мобилна апликација која го освои првото место во категоријата Easy Life на Samsung Global Developer Challenge. На натпреварот за креирање апликации за новиот Bada мобилен оперативен систем на Samsung има вкупно 24 победници распределени низ категории кои меѓу себе поделија 2.7 милиони долари награден фонд.

0 коментари Прочитај 7 декември, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Крадец фатен само по 10 минути благодарение на мобилна апликација

Интересна и среќна случка. Крадец на автомобил бил фатен само 10 минути по кражбата откако газдата на автомобилот заедно со полицијата искористи GPS за да го лоцира својот телефон кој бил во автомобилот.

2 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Веб ИТ.ЕУ

Еволуција на европската OpenStreetMap

OpenStreetMap е дигитална мапа на светот, но за разлика од мапите на Google или Bing, OpenStreetMap е слободна и бесплатна, налик на Вики концептот, која може да ја едитира кој сака корисник со GPS, воздушна фотографија или други извори на податоци кои ќе можат да придонесат кон мапите. Проектот е стартуван летото 2004 година, а […]

0 коментари Прочитај 15 ноември, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Татко и син лансираа iPhone во Вселената

Лик Геисбулер и неговиот син од Бруклин лансираа iPhone и HD камера во вселената, поточно 30 километри во стратосферата. Нивната мисија беше да ја снимат „темнината над Земјата“ со HD видео камера. За таа цел тие наполнија атмосферски балон со хелиум и на него закачија кутија за iPhone-от и камерата која го сними целиот пат до горе и назад. Во стратосферата поради недостиг од атмосферски притисок балонот евентуално пука, паѓа назад, при што се отвара падобран, и слетува успешно 30 километри оддалечен од местото на лансирање по што е лоциран благодарение на GPS технологијата на iPhone-от.

7 коментари Прочитај 18 октомври, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Статии

iPhone апликации – Made in Macedonia pt. 2

SportyPal e бесплатна спортска апликација за мобилен телефон, поточно апликација коja вклучува неколку елементи за да овозможи подобро искуство додека џогирате, шетате подолго во природа, возите велосипед или ролерки... Aпликацијата користи GPS технологијата за да ја мапира стазата по која се движите, истовремено собирајќи разни податоци за трчањето: темпо, движење, растојание, потрошени калории...

1 коментар Прочитај 3 октомври, 2009
Мени
Заедница
To top
{title}