Написи тагирани со Google Chrome

54 написи
Редакција
1
Avatar photo Гоце Постоловски Рецензии Софтвер

Рецензија на Chrome 10

Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.

6 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб

Ве нервира Google резултат? Блокирајте го…

Воопшто не е забавно кога некои нерелевантни страници или реклами постојано го наоѓаат своето место на врвот во резултатите на Google. Сега интеренет пребарувачот во војната против таквите страници ја воведува опцијата да ги блокирате несаканите страници за повеќе да не ви се појавуваат во резултатите од пребарувањата.

0 коментари Прочитај 11 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Совети Софтвер

Со Google Body до детален 3Д модел на човечкото тело

Google Body e алатка за преглед на детален 3Д модел на човечкото тело. За да можете да го видите не ви се потребни никакви додатоци како Java или Flash, ќе ви треба само прелистувач кој поддржува WebGL како што е Google Chrome.

1 коментар Прочитај 22 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Софтвер

Google планира радикален редизајн на Chrome

Google работи на порадикални промени во корисничкиот интерфејс, особено околу дизајнот на омнибоксот (барот за адреси). Како што и се забележува во развојот на Chrome, Google се стремат кон што поминималистичкиот дизајн. Овојпат, централната идеја се врти околу отстранувањето еден од двата реда кои во моментов се наоѓаат во горниот дел на прелистувачот, односно сакаат да го отстранат URL барот и да ги интегрираат табовите и барот во едно.

0 коментари Прочитај 21 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи Совети

My6Sense сега за Google Chrome, екстензија за релевантни твитови

My6Sense си доби своја екстензија за Google Chrome, која има цел да ни ја донесе „дигиталната интуиција" за да утврдиме кои твитови од постојанот тек на информации се релевантни за нашите интереси. „Моето шесто сетило“ претходно беше достапно за Android и iOS.

3 коментари Прочитај 10 февруари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Инжинер на Google направи Facebook Disconnect екстензија за Chrome

Facebook се информира за секоја ваша посета на еден од милионите сајтови кои користат Facebook Connect и има историја да предава лични податоци на трети странки, вели инжинерот на Google, Брајан Кениш.

1 коментар Прочитај 20 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Internet Explorer падна под 50% глобално за прв пат

Според статистиката на StatCounter прелистувачот на Microsoft, Internet Explorer за прв пат падна под 50%, односно сега држи 49.87 отсто од глобалниот пазар на прелистувачи за септември. Мozilla Firefox е втора со 31.5 отсто. Најинтересен раст е тој на Google Chrome кој сега има 11.54% од глобалниот пазар на интернет прелистувачи, што е одличен раст замајќи в предвид дека имаше само 3.6 отсто во септември 2009 година.

1 коментар Прочитај 5 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Google Chrome сега известува дали сајтот е недостапен и за другите

Често се случува да наидете на порака дека не можете да отворите еден сајт. Ако е сајт кој функционирал веднаш си помислувате дека можеби е нешто до вашата интернет конекција. Затоа за да нема забуни Google Chrome сега ве информира дали и другите корисници имаат проблем да пристапат на тој сајт.

1 коментар Прочитај 1 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Повлечи и спушти Gmail атачмент за да го снимиш, но само во Chrome

Google прво воведе повлечи и спушти закачување на атачменти и слики, а сега го воведува супер корисното повлечи и спушти атачмент за да го снимиш на компјутер... Но само ако користите Google Chrome прелистувач.

0 коментари Прочитај 5 август, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Рецензии

Maxthon 3.0 бета – уште еден прелистувач

(Рецензијата за Maxthon 3.0 бета прелистувачот е гостински текст од Златко Јованов познат во сајбер просторот како ZlateWay. Златко е гик 4 лајф, сака фотографија, технологија и не е тешко да биде насмеан...)

24 коментари Прочитај 19 јули, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Блог

Мини анализа: Се повеќе македонци користат Google Chrome

Користеноста на Google Chrome се зголеми пет пати во последниве година дена, односно сега 30 отсто од посетите на It.com.mk доаѓаат од тој прелистувач.

8 коментари Прочитај 8 јули, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Автоматско преведување со Google Chrome

Google ја објави новата бета верзија од нивниот прелистувач Chrome со подобрена приватност и навистина кул опција за автоматско преведување. Доколку сте, на пример, на кинеска страна прелистувачот самиот ќе го детектира јазикот и ќе ви сугерира да го преведете. Преводите се генерират од Google Translate сервисот, што значи дека - прво, има македонски, второ, македонсите превоти и не се баш најдобри и трето, и покрај недостатоците навистина е корисно со еден клик да преведувате страни.

0 коментари Прочитај 4 март, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ анкета: Firefox е омилениот прелистувач на македонските корисници

Мozilla Firefox е убедливо најкористениот прелистувач oд македонските корисници, покажа нашата анкета. Иако зазема околу 60 отсто од глобалниот пазар сепак, според 318 анкетирани, Internet Explorer е далеку зад Firefox, Google Chrome и Opera. Firefox го има монополот. 66.7 отсто од испитаните го користат овој пребарувач, додека зад него е Google Chrome со 13.2%, па следи Оpera со 9.7, IE со 6% и на крај од најпознатите прелистувачи е Safari со 2.8%.

0 коментари Прочитај 24 јули, 2009
Мени
Заедница
Изглед
To top