Илјадници европејци се успаа заради iPhone грешка
Грешка во iOS 4.0.1, оперативниот систем на iPhone , предизвика секој аларм да ѕвони еден час подоцна, игнорирајќи го зимското сметање на времето кои се промени во неделата. Автоматскиот часовник на iPhone всушност го сменил времето, но алармот наместо во, пример, 8 часот, ѕвонел во 9.