Написи тагирани со апликации

157 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Растот на мобилните апликации во 2010-та, анализа на Distimo

Apple остана на врвот со најголемиот број, над 300.000 мобилни апликации во 2010-та година, кои се дуплираа споредено со минатата година. Но, Google Android пазарот забележува неверојатен расто. Бројот на Android апликации достигна 130.000, што е за 6-пати повеќе од пред една година, вели агенцијата за анализа на мобилниот пазар, Distimo во својот извештај. Далеку зад Apple и Android се 18-те илјади Blackberry апликации, односно 25.000 апликации во Nokia Ovi продавницата.

0 коментари Прочитај 10 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Стартува продавницата за Apple Mac апликации

Аpple го стартуваше Mac App Store со над 1.000 бесплатни и платени апликации наменети за Mac десктоп компјутеритите. Налик на продавницата со мобилни апликации за iPhone/iPad, Mac корисниците го користат iTunes за разгледување, симнување, апдејтирање и купување разновиден десктоп софтвер.

1 коментар Прочитај 6 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Google планира дигитален Android киоск со магазини

Google планира дигитален киоск за Android корисниците, пред се тие со таблет компјутери, да можат да си купуваат и читаат дигитални верзии од големите и популарни магазини и весници, конкурирајќи му на Apple кој го има iPad и Amazon со Кindle, пренесува Wall Street Journal.

1 коментар Прочитај 4 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Софтвер

Бројот на Android апликации се дуплираше за само два месеци

Најверојатно е дека на Android пазарот на апликации за брзо време ќе има 200.000 мобилни апликации, според неофицијалната статистика на AndroLib. Тоа што е неверојатно е што само пред два месеци за Android имаше само 100.000 апликации, на Android му требаше две години да стигне до таа бројка. Сега за само два месеци таа бројка се дуплираше.

1 коментар Прочитај 29 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Gorillaz објавија нов албум направен со iPad

Познатиот по своите виртуелни ликови музички бенд Gorillaz објави нов албум The Fall чии 15 песни се направени со iPad апликации и неколку инструменти. Песните се направени за околу 30-тина дена, за време на американската турнеја на Gorillaz, вели вокалот и креатор на бендот, Дејмон Албарн.

0 коментари Прочитај 27 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Победник на One Аndroid натпреварот е …

Патоказ, Virtuelno SK и MyBudget се Android апликациите кои ги освоија првите три места на One предизвикот. Сите три апликации добија интересна парична награда, а креаторот на првонаградената Патоказ, Јосип Јосифовски, ќе патува во Лондон во посета на седиштето на произведувачот на мобилни HTC.

39 коментари Прочитај 20 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Мобилни

Facebook со поголема контрола врз мобилната приватност

Facebook воведува дополнителни опции за заштита на приватноста преку мобилното користење на друштвената мреажа. Опциите ќе овозможат подетален преглед на споделените информации преку различни апликации и веб сајтови, и можност за контролирање на пристапот до тие информации од страна на апликациите, исто како што е достапно и на десктоп Facebook во менијата Applications and Websites од опциите за приватност.

0 коментари Прочитај 9 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Google го тестира Cloud Picker, проект за веб складирање фајлови

Google тестира нова алатка која е вид на онлајн складиште за фајлови, пишува TechCrunch повикувајќи се на информации од неколку Google форуми.

0 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Софтвер

Facebook со нова опција за развивачите да си ги тестираат апликациите

„Тест корисникот“ е кориснички профил кој се поврзува со апликацијата со цел да се тестира функционалноста на апликацијата. Профилот може да им користи на сите развивачи да се осигураат дека нивната апликација e како што треба пред да ја пуштат официјално на Facebook. Eдна апликација може да има и до 50 тест корисници.

0 коментари Прочитај 19 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Се води војна меѓу развивачите на апликации, вели директорот на Adobe

Не се работи за Adobe Flash против HTML5 туку има војна меѓу производителите на уреди, и креаторите на апликции, кој ќе успее да донесе најкорисни апликации на најдобра платформа и како да го задржи водството, вели директорот на Adobe, Шантану Нараен на Web 2.0 Summit.

0 коментари Прочитај 18 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе ги казни програмерите кои продаваат кориснички ID

Facebook потврди дека има апликации кои продаваат кориснички податоци. Facebook не ги именува кои апликации но најави дека ќе ги казни програмерите на тие апликации.

0 коментари Прочитај 1 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Совети

Достапен Blackberry App World за PC

App World 2.0 пазарот за Blackberry апликации сега доби своја онлајн верзија со што ќе се овозможи симнување апликации од интернет на компјутер, а потоа нивно префрлање на мобилен. Со оваа можност Blackberry App World наликува на Apple-овиот iTunes, ако се изостави разликата во бројот на апликации, Blackberry има над 10.000 апликации, за iOs има скоро 300.000. Интересно, Google најави дека и тие работат на слична веб верзија на Android продавницата за декстоп.

1 коментар Прочитај 26 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Сега има над 100.000 Android апликации

Според развивачкиот тим на Android, сега има над 100.000 апликации за Google-овата мобилна платформа. Популарноста на Android продолжува да расте благодарение на отвореноста, софтверот е со отворен код па многу производители го преферираат Android за своите мобилни уреди. Досегашните верзии на платформата ги преферираа мобилни телефони, но се претпоставува дека најновата 3.0 Gingerbread верзија на Android ќе биде приспособена за таблет компјутерите. Појавувањето на Android таблет компјутери сигурно ќе значи и повеќе апликации.

0 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе ги енкриптира корисничките ID броеви

Facebook се одлучи да ги енкриптира (шифрира) корисничките идентификациони броеви (UID). Ова следи по неодамнешното откритие дека Facebook апликациите ги споделува корисничките ID броеви со маркетинг агенции и компании кои „копаат“ интернет информации и покрај тоа што таквото извлекување од податоци е забрането на Facebook.

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Mozilla претстави планови за Open Web Apps екосистемот

Open Web App екосистемот, се уште прототип, на Mozilla треба да биде место каде корисниците ќе можат да прегледуваат апликации, заедно со нова табла вметната во прелистувачот каде може да се инсталираат апликации, и место каде програмерите ќе можат да најдат различни алатки за развивање на апликации.

1 коментар Прочитај 20 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Групите на Facebook

Facebook претстави нови групи, т.е. сега корисниците ќе можат да си креираат група со одредени пријатели во која ќе споделуваат одредени информации, слики и постови. Ова е еден вид организирање на стотината пријатели, пример, една група со колегите од работа, една со фамилијата... можете да се приклучите на вкупно 300 групи.

1 коментар Прочитај 7 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Сите апликации од Vip Android предизвикот

Vip конечно ја објави листата на сите апликации кои учествуваа на натпреварувањето. Покрај двете победнички Android апликации, третото место го поделија 78 апликации. Сите апликации се на македонски и се бесплатни, па доколку користите Android ќе ги најдете на Android пазарот. Симнете, тестирајте ги и пишете ни што мислите!

2 коментари Прочитај 21 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Internet Explorer 9 бета достапен за симнување

Microsoft ja пушти за симнување бета верзијата на Internet Explorer 9. Од новиот прелистувач се очекува не само да ја задржи, туку и продолжи IE доминацијата на пазарот на прелистувачи каде Firefox и Chrome стануваат сериозни играчи. Во последниве три години користењето на IE забележува пад од 90 до сегашниве 60 отсто. Покрај конкуренцијата дополнителна грижа за IE е и европската забрана да се дистрибуира IE со инсталација на Windows, односно корисникот сега при инсталацијата ќе има избор од неколку прелистувачи.

5 коментари Прочитај 16 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Apple дозволи користење на трети алатки за креирање апликации

Apple објави соопштение во кое рече дека ги трга рестрикциите околу прифаќање на апликации за iPhone, iPad и iPod. Компанијата е позната по своите стриктни правила кои ги наметнува на програмерите, како забрана за користење на не-Apple алатки за развивање aпликации. Но сега тоа се менува.

2 коментари Прочитај 10 септември, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top