1 коментар 1 мин. читање

Бројот на Android апликации се дуплираше за само два месеци

Иако Android е се уште зад над 300.000 апликации за Apple-овиот iOS, сепак со вакво темпо би очекувале веќе во март следната година Android пазарот да стане и место со најмногу апликации.

Но… квантитетот не значи квалитет. Apple е познат по своите правила за Аpp Store според кои не секоја апликација може да влезе. Од друга страна скоро над 60% отсто од Android апликациите се бесплатни бидејќи нема многу рестрикции.

Сепак, Android од неодамна се прошири и во други земји каде се дозволи продавање и купување платени апликации. Android пазарот има ограничувања за платените апликации. Пример, развивач од Македонија не може да продава апликации, исто така корисник од Македонија не може да купи Android апликации, достапни се само бесплатните.

Како што се шири пазарот, споредено со iOS aпликации кои се само за Apple уреди, Android се користи на повеќе разни уреди, така и бројот на платени апликации и со тоа малку поквалитетни од бесплатните, ќе се зголемува, што со тек на време ќе го направи Andoroid пазарот неверојатно моќно место за мобилни апликации.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top