1 коментар 2 мин. читање 4 јануари, 2011

Google планира дигитален Android киоск со магазини

Дигиталниот киоск ќе содржи разновидни апликации од весниците и магазините кои ќе бидат прилагодени за читање на паметните телефони и таблет компјутерите кои работат на Android.

Со ова Google ќе му конкурира на Apple кој со својот таблет iPad направи еден вид револуција во поглед на дигиталните изданија на весниците и магазините, кои започнаа да си креираат импресивни и уникатни апликации со најразновидна содржина. Пример, CNN за iPad изгледа вака, New York Times за iPаd вака, а Sports Illustrated вака. Додадете ја поврзаноста на интернет, односно пристап до архивите и другите линкови, на прекрасниот дизајн и добивате современ и модерен магазин, односно весник.

Според анонимните извори на WSJ, Google веќе е во преговори со неколку големи американски издавачи на кои им ветил дека ќе зема помал дел од Apple-овите 30% oд секоја продадена апликација, и интересно, Google понудил да предаде и одредени лични податоци од корисниците со цел да се овозможи потаргетирано рекламирање во апликациите.

Од друга страна, и Аpple започнува да се прилагодува на барањата на издавачите, овозможувајќи можност да се понудат подолгорочни претплати, каде дигиталното издание ќе биде доставено до корисникот, наместо корисникот да го посетува iTunes за секој поединечен број. Исто така, пишува WSJ, Apple ќе сподели дел од лични информации за корисниците, со претходна дозвола, кои ги симнуваат апликациите со цел да се овозможи потаргетиран маркетинг.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
kapsarovb
kapsarovb
15 years ago

Нели повеќе одговара Списанија наместо Магазини?

Мени
Заедница
Изглед
To top