Светлечки ленти ќе го направат автопатот попаметен и „со поетско искуство“

во Свет

Ознаките на патот кој светат навечер кои од неодамна ги поставија во Холандија, сега започуваат да се користат и во Велика Британија. Засега два града во Англија, Лондон и Бирмингем, се заинтересирани со оваа сигнализација да ги означат велосипедските патеки. Проектот кој треба да „ги направи патиштата поетско искуство“ засега е во тест фаза, вели артистот и автор на проектот, Дан Росенгард, за BBC.

[youtube]heYGD2Cbx1k[/youtube]

Бојата која се користи за означување е специјално изработена зелена боја, која се „полни“ од сончева енергија. Истата е појасна од „мачкиното око“ кое во моментов се користи за означување. Покрај ова, креаторите велат дека бојата полесно се забележува и во магла. Ознаката прави патиштата да наликуваат на филмот Tron, а трите ленти наликуваат дека се спојуваат во далечината и ве водат додека возите по патот.

„Ќе има и други големи проекти, имаме барање од Кина и Индија – на овие места се потребни безбедни патишта кои не се поврзани на електрична мрежа“, вели г. Росенгард.

Досега технологијата е искористена на автопатот N329 во Холандија, кој може да го видите подолу.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments