FBI направи лажен сајт на весник за да лови бомбаши

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Во 2007 година Федералното биро за истрага на СAД, или FBI, креираше лажен веб сајт со чија агентите ги следеа осомничените за можен бомбашки напад врз Timberline High School. Сајтот е креиран да наликува на Seattle Times, a FBI го искористи за да рашири софтвер со кој ќе ги следи осомничените, велат податоците кои доаѓааат од Electronic Frontier Foundation. Ова не им се допадна во Seattle Times кој се огорчени од постапките на FBI и Канцеларијата на правобранителство на САД.

Софтверот CIPAV кој го користеше FBI ги регистрира IP и MAC адресите како и логирањето во последната сесија, ги отвора портите за комуникација, а може да ги „види“ и оперативниот систем и прелистувачот кој се користи.

„Ова не само што ја поминува границата, туку ја брише. Оваа постапка не само што го нарушува името на Associated Press туку и го поткопува угледот на Associated Press“, вели Пол Колфорд, директор за медиа на Associated Press, за Seattle Times.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments