0 коментари 1 мин. читање

Околу 100.000 Унгарци излегоа да го бранат слободниот Интернет

Над 100.000 луѓе се собраа на улиците на Будимпешта во одбрана на правото на слободен Интернет. Овие граѓани протестираа на улиците со кренати паметни телефони во своите раце, а на видеото може да видиме дел од протестите кога 100.000 луѓе преминуваат преку Ержесбет мостот на Дунав, во центарот на градот.

„Не само што мора да го победиме интернет данокот, мора да веруваме дека сме способни да ја критикуваме и да влијаеме на државата“, вели Зсолт Варади за Bloomberg.

Протестите се поради законот се кој ќе се оданочи секој гигабајт интернет проток со половина евро, а максималната цена која можа да ја платат корисниците ќе биде 2,33 евра. Владата се надева дека граѓаните ќе престанат со протестите, но движењето добива на масовност и бројот на противници на Facebook страната сега е речиси 240.000. Денес истекува рокот кој противниците на законот и го дадоа на владата за повлекување на законот, па протестите најверојатно ќе продолжат.

[youtube]OoyCRlqiHHg[/youtube]

WAKE UP – Tízezrek az Erzsébet hídon az internetadó ellen from atlatszo.hu on Vimeo.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top