(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Во претходното #StartupSelfie зборувавме како е да бидеш странец во Финска. Во ова, ќе видиме како дечко кој е роден и израсна во Хелсинки се снаоѓа во Лондон. Нивното седиште е во Лондон, но имаат канцеларии во Хелсинки и за време на паузата за ручек, се сретнавме и разговаравме повеќе за ова. Запознајте го Маркус Ехнрут, ко-основач на Knomi, што е како Foursquare за луксузна мода. Веднаш го прашав да ни ја раскаже приказната за неговиот стартап и зошто Лондон?
„Од секогаш ме интересирала модата, и има ли подобар начин да ја тестираш твојата идеја отколку во главниот град на модата? Бидејќи, поминаа веќе времиња кога излегувањето на шопинг со пријатели беше друштвена активност на која и се радуваме. Пристапноста на онлајн шопингот, дали е да се заштеди време или да се разгледува поголема селекција на брендови им одговара на повеќето луѓе што се зафатени со дневни обврски и знаат да користат технологија. Откако ја тестиравме и потврдивме идејата, го составивме вистинскиот тим и започнавме да ја собираме првата иницијална инвестиција од околу 1 милион долари, за да го изградиме тоа што е Knomi денес. Апликацијата ви овозможува да откриете модни парчиња од вашите омилени бутици со пријателите и влијателните критичари. Можете да пребарувате, откривате, споделувате и да сугерирате вистинските парчиња со останатите љубители на модата. Ја изградивме за луѓето што сакаат модата да биде друштвена и да се споделувале. Сега може да купувате облека на вашиот мобилен заедно со вашите пријатели и вашите омилени бутици. Поставивме и соработка помеѓу многу луксузни бутици и модни блогери кои станаа зависни од апликацијата. Во следната година планираме да се прошириме во уште еден голем град на модата, и тоа е Париз“, вели Маркус.
Знаејќи дека поминаа неколку години од кога започна да работи на Knomi, го прашав што го натера да почне со претприемништво и што научи од искуството со стартапи до сега?
„Ако си оптимист по природа тогаш ова може да биде работата за вас, бидејќи со претприемништвото, вообичаено се сѐ одвива подолго. Ако веќе имате стандардна работа од 9 до 5, имате обезбедени приходи, сепак може во слободното време да работите на вашата идеја. Дури и во мојата работа, секогаш ја чувствував таа претприемничка бубачка, па во еден момент знаев дека треба да работам сам и да ги следам соништата. Добро е да бидеш својот газда на некој начин. Би предложил кога ќе наиде вистинската шанса, да ја земете, но да го направите тоа паметно. Штом ќе започнете да работите на вашиот стартап, дефинитивно ќе заборавите дека имате слободно време, и дека викендите не постојат. Можеби звучи застрашувачки, но тоа е забавно, и на крајот на денот тоа што е важно е што ќе бидете задоволни и среќни“, вели Маркус.
Беше вистинско задоволство да се зборува со Маркус и му ветив дека во мојата прва посета на Лондон ќе ја тестирам апликацијата. Интересен факт, обично кога прави селфија Маркус прави откачени гримаси, но ова е првиот пат (еден од петте што ги направивме) во која изгледа доста сериозно. Му посакувам нему и на Knomi голем успех и да ги освојат модните градови во 2016-та. Ако сте заинтересирани за модата, и сакате да се дружите додека купувате тогаш не пропуштајте да ја пробате Knomi.







