0 коментари 2 мин. читање 12 јануари, 2016

Facebook има нова стратегија за Messenger и нас, корисниците

Иако корисниците не беа премногу воодушевени кога Facebook најави дека мора да имате две различни апликации, една за читање постови, други Messenger за комуникацијa; две години подоцна планот изгледа дека функционира. Иако добар дел од успехот доаѓа од нашата зависност од друштвената мрежа и потребата да се допишуваме. Денес, Messenger има над 800 милиони корисници и поинаква стратегија за иднина.

Социјалната мрежа излезе со неколку предвидување што ќе се случат во 2016-та година, и едно од нив е дека наскоро нема да има потреба од телефонски броеви, иако ќе биде неопходно да имате Messenger. Но, со 800 милиони апликацијата има повеќе луѓе кои ги познавате отколку останатите телефонски именици. „Очекувам Messenger наскоро да излезе со групни видео повици за да се истапи од конкуренцијата, но и за да овозможи забавно искуство кое може да го споделите со пријателите и да ги убеди корисниците дека SMS пораките се минато“, вели Стен Лудновски од Messenger.

messenger2016

Во 2016 година Messenger ќе стани персонализирано место, на кое пријателите ќе можат да видат што правите, брз прв поглед и можност за дигитално претставување. Компанијата ќе се обиде да му конкурира на Google и на апликацијата Who’s Down, со таа разлика што социјалната мрежа е без сомневање во далеку поповолна положба за вакво нешто. Најверојатно најголемата придобивка од Messenger и сличните сервиси, не е можноста за инсталирање на куп апликации на платформата, туку конечното „пензионирање“ на SMS пораките кои и онака одамна требаше да бидат повлечени.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}