#StartupSelfie со Каспер Соумалинен од Startup Sauna

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Сауна, типично финско… И што има врска сауна со стартапи? Во еден претходен #startupselfie зборував дека има едно место што мора да го посетите кога сте во Хелсинки. Бидејќи ова ми е прва посета на градот, знаев дека морав да поминам кон Универзитетот Алто и да ja посетам познатата Startup Sauna.

Не беше лесно да се најде местото во таков огромен универзитетски комплекс, но имав среќа што Финците што ги сретнав по пат беа пријателски расположени и ме упатија на вистинскиот правец. Штом влегов внатре се воодушевив како успеале да претворат складиште на фабрика во урбан простор за работа и колку многу луѓе имаше што работат на своите стартапи. Неколку минути подоцна, чув како некој ме вика и тоа беше Каспер Соумалинен, CMO на Startup Sauna.

„Во 2008-ма група студенти направија нешто што сега се претвори во четири ентитета. Го имаме Aalto ES (претприемничко друштво) со кое сакаме да им помогнеме на основачите на стартапи да учат и да се развиваат; ги поддржуваме амбициозните претприемачи и посветените членови на заедницата. Во суштина, им помагаме на стартапите да започнат. Број два е Startup Life каде ги поврзуваме супер талентираните студенти со неверојатни стартапи од Силициумската долина. Иако ова е 12-месечна програма, студентите можат да имаат животно искуство да научат работни вештини. Потоа го имаме Startup Sauna Accelerator во кој најдобрите стартапи работат со искусни претприемачи, инвеститори и други експерти во индустријата во интензивна 5 неделна акцелераторска програма. Процесот на селекција е навистина тежок, бидејќи сите се конкурентни, а само во последниот повик имавме повеќе од 1.000 апликации од секаде во светот. Но, штом стартапот влезе во Startup Sauna добива пристап до 4-тиот ентитет што е SLUSH или како што јас сакам да го нарекувам tech-startup-rave :) . Навистина е фасцинантно да се види како пораснавме од настан со 300 луѓе во еден од најголемите вакви настани во светот, со над 15.000 учесници, вклучувајќи 800 инвеститори, 600 новинари и 1.700 стартапи од 100 земји. Филозофијата зад проектот остана иста – да им се помогне на следната генерација на иновативни компании кои ќе го освојат светот… И сето ова е водено од студенти и функционира како непрофитна организација“, вели Каспер.

WOW! е вистинскиот збор да ја опишам мојата реакција на оваа информација. Бев вчудоневидена и инспирирана дека тие се студенти, и дека можат да работат вакво претприемништво. Иако тука имаше доволно материјал за по еден блог пост за секој ентитет, сепак бев заинтересирана како тој се ангажирал околу проектот и што е најважното нешто што го научил.

„Израснав на три различни континенти, што не ме прави да бидам типичен тивок Финец. Комуникацијата со различни луѓе дневно и постојаната љубопитност да научам нешто ново е најверојатно во мојата ДНК. Но, бев на вистинското место во вистинското време, пред три години што ме доведе до оваа точка. Ако гледам наназад, тоа беше патешествие со многу учења. Повеќето од моето време го поминав во Sauna и се инспирирав додека гледав како луѓе наместо да се натпреваруваат всушност работат заедно. Едно од најважните работи што ги научив до сега, е дека луѓето можат да направат возбудливи работи само ако ги поттурнеш малку. Многу луѓе мислат дека тие не можат да направат нешто или се уплашени да започнат со нешто. Но, верувајте ми, кога има дадете малку поддршка и некој совет, тогаш магијата може да се случи. Тука луѓето имаат најразлични вештини и се секогаш отворени да научат нешто ново!“, вели Каспер.

Можеби тоа е совршената формула за малку стартап магија: кога ќе им дадеш слобода на студентите да бидат креативни, кога Универзитетот ќе застане зад тебе, давајќи ти простор и ресурси без да им кажува што да прават! Доаѓајќи од балканска земја каде, за жал, ситуацијата е далеку од оваа, секако дека ќе ги поддржам ваквите соработки за да ги видам и во другите заедници. Беше навистина задоволство да се запознае и зборува со Каспер и сега да се сподели дел од неговата приказна… Жал ми е што го пропуштив SLUSH бидејќи требаше да се вратам дома неколку дена пред настанот… но дефинитивно го очекувам следниот настан во ноември 2016-та година. Исто така го поканив Каспер и неговиот тим да помине и да го провери Балканот кога Startup Sauna ќе ја започне својата турнеја. За сите стартапи кои се заинтересирани да се вклучат во програмата, аплицирајте на Startup Sauna.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments