(Ова е гостински пост на Немања Николиќ, ко-основач на српската компанија AllSecure. Текстот е реобјавен како соработка помеѓу IT.mk и NovaEnergija.net, секако, со дозвола од г. Николиќ)
Во 2014-та година преку милион граѓани на Србија платија за некоја стока или услуга преку интернет, што претставува зголемување на претходната година од околу 30 отсто. Очекувањата за статистиката од 2015-та се уште подобри. Трендовите покажуваат дека може да очекуваме да има раст од 50 отсто во однос на 2014-та. Тоа би значело дека минатата година преку два милиони корисници на картички од Србија потрошија околу 180 милиони евра на интернет. Дополнително, се очекува еднакво динамичен, ако не и агресивен пораст во следните години.
Овој показател, логично ги води претприемачите, пред сé малите и средни компании, до заклучок дека конечно дојде вистинското време за да се започне со интернет трговија. Простор за тоа има повеќе од доволно. И не верувајте на приказни дека граѓаните на Србија се плашат од интернет купувања. Тоа едноставно не е точно. Сите статистички параметри, и чистата логика го негира ова.
Со само околу 150 интернет продавници во Србија, нашиот пазар, и уште поважно – нашите клиенти, бараат сериозни интернет продавници кои ќе им овозможат на купувачите да ги купуваат саканите производи во својата земја, наместо како до сега, своите потреби да ги задоволуваат со купување на странски сајтови, што, реално, драстично ги намалува опциите за локалната поддршка и гаранција на купениот производ.. да не зборуваме за времето потребно за испорака. Значи, доколку и вие и припаѓате на оваа категорија и моментално размислувате за стартување на свој бизнис за е-трговија и интернет продажба, се надевам дека овој пост ќе ви помогне.
Почнете со избор на добро име
Прва одлука која мора да ја направите (секако после одлуката дека сакате да продавате на интернет) е да направите избор на добро име што лесно ќе може да се помни, кој уште никој не го користи. Пребарување преку сајтот на Agencijа za privredne registre лесно може да откриете дали некое име и искористено или резервирано. Покрај ова, интернет е преполн со одлични сајтови кои можат да ви дадат добра идеја за звучно име на вашиот бизнис, и што е најдобро, оваа услуга е обична и бесплатна.
Обезбедите домен за вашиот сајт
Доменот е адреса за вашиот сајт. Домените можат да бидат интернационални (.com, .net, .biz и други) или национални (.co, .rs и слично). Во идеална варијанта, ќе регистрирате домен кој ќе го носи името на вашиот бизнис. Меѓутоа, доколку тој домен не е достапен, одберете некој кој е лесен за изговарање и кој е поврзан во суштина со вашиот бизнис. Така, ако се вашиот бизнис вика „Prodaja Cipela d.o.o”, a доменот prodajacipela.com не е достапeн, обидете се со нешто слично како cipele.com, prodaja-cipela.com, cipelezavas.com. Секако, домените можат да бидат и локални што ќе ви го олесни изборот така што играта со cipele.co.rs, prodajacipela.co.rs. Повеќе детали за начинот и опции за регистрирање на домени може да најдете на сајтот на RNIDS.
Поставете ја интернет продавницата
За да продавате на интернет ви треба сајт кој ќе биде репрезентативен, разбирлив за вашите корисници, едноставен за навигација и јасно брендиран. Дизајнот и развојот на вашиот сајт за е-трговија претставува, најверојатно, најголемиот бизнис трошок што ќе го имате. Не дозволувајте ова да ве обесхрабри. Трошоците за развој на сајт, дури и тие најскапите, се далеку под трошоците за опремување на една традиционална продавница, и за разлика од нив, вашата интернет продавница го покрива целиот свет, не само едно место или еден град.
Денес на интернет (а каде на друго место?) е лесно да се најдат готови, совршено дизајнирани и лесно прилагодливи сајтови на продавница… и тоа бесплатно! Во случај да ги користите темплејтите, ви треба само да го прилагодите брендот на вашиот бизнис и да изберете потребна функционалност, што го намалува трошокот на сајтот. Најпознатите и најкористените бесплатни решенија се Magento, WooCommerce, PrestaShop, Drupal, OpenCart, JigoShop… Сите овие решенија се одлични и можат да ви ги покријат повеќето потреби за е-трговија.
Изборот да се користи бесплатно решение или да се развива сопствено, пред сѐ зависи од производот што го нудите. Имено, можно е да вашиот бизнис бара некоја специфична функционалност која не е поддржана во бесплатните решенија (иако тоа е малку веројатно, но можно). Тоа што можете во двете варијанти, е секако вашата интернет продавница биде, не само визуелно атрактивна, туку пред сѐ и функционална, односно лесна за користење за вашите идни корисници.
Регистрирање на компанијата
За извршување на интернет трговија, како еден вид на трговија е потребно да регистрирате како стопанско друштво или претприемач. Процедурата не е премногу сложена и претежно може да се заврши онлајн. Сите информации околу како да регистрирате компанија можете да најдете на сајтот на Agencije za privredne registre. Поради ова, вашиот специфичен бизнис за е-трговија може да побарува посебни сертификати и дозволи. Проверете кои се надлежни државни органи и агенции, како би можеле да работите без пречки.
Internet Payment Gateway (IPG)
Безбеден систем за онлајн авторизација на платежните картички и другите видови на интернет плаќање е можеби најважниот елемент од кој директно ќе зависи успехот на вашата интернет трговија. Payment Gateway (IPG) едноставно претставува „апарат за прифаќање на картички“ од вашата интернет продавница. Секако, добар Payment Gateway нуди многу повеќе. Тој ги намалува изгубените продажби т.е. ги зголемува конверзиите на посетителите кон купувачи, ги забрзува и намалува иницијалните трошоци за интеграција, ви дава постојан пристап до податоците за вашите платежни трансакции, и нуди различни алатки за заштита од интернет измами итн.
За овој избор, без разлика дали разговарате со банка или со независен IPG, секогаш посветите посебно внимание на следните карактеристики: брзината на трансакциите, поддршка за плаќање преку повеќе валути, поддршка за што е можно поголем број картички и останати методи за плаќање, брза интеграција, квалитетна техничка поддршка, поддршка за мобилни уреди, поставување и функционалност за „порталот за трговци“, алатки за заштита од интернет измама, како и функционалности за унапредување на интернет продажбата.
Интернет сметка во банка
Покрај сите бизнис сметки кои сте ги отвориле за регистрација на компанијата, како интернет трговец ќе отворите и една посебна сметка за вашиот интернет бизнис. Таа сметка ја отварате во една или повеќе банки (во Србија постојат 5 банки кои се лиценцирани за вакви услуги), како и други финансиски институции како PayPal, Skrill и drugi. Сметката ќе ви овозможи трансакција преку интернет т.е. служи за да преку неа пренесувате средства од продажби остварени преку интернет продавницата.
Отворањето на ваква сметка не е секогаш едноставна работа. Таа секогаш бара посебна проверка на технички и бизнис аспекти за интернет трговецот и неговиот бизнис. Ова посебно се однесува на ново-регистрирани правни лица или оние кои немаат историја за тргување во одредена банка. Поради тоа се случува во постапката за за апликација, трговецот да биде одбиен или да добие несоодветни услови од банката, и што е најлошо, да остане без разумно објаснување зошто е одбиен. Бидете сигурни дека овој чест недостаток за разбирање помеѓу банката и интернет трговецот не е резервиран само за нашата земја. Ист проблем го има и во државите кои имаат поразвиена е-трговија.
Останати елементи
Покрај наведените, посветете внимание на другите елементи за вашиот е-бизнис, како што се:
- Достава – изберете служба за достава преку која ќе ги испорачувате продуктите.
- Онлајн поддршка за клиентите – осигурајте постојана линија на комуникација со вашите интернет купувачи.
- Ажурирајте го инвентарот – интернет купувачите се често осетливи доколку им продавате нешто што го немате во залиха.
- Мобилна комуникација/сајт – Наскоро поголемиот дел на е-трговија ќе се одвива преку мобилните телефони. Бидете подготвени.
- SSL сертификат – инсталирајте SSL сертификат за вашиот домен за безбедност на вашите продавачи.
Квалитетен хостинг – одберете квалитетен хостинг провајдер за брза и стабилна работа на вашата интернет продавница.
Верувам дека оваа чек листа на прв поглед ќе ви изгледа прекомплицирана за некој кој размислува да започне интернет продавница. Но, всушност не е така. Посебно ако се спореди со започнување на традиционален бизнис. Сите кои имале шанса да основаат и водат класични бизниси во било кој сегмент на индустријата и во било која земја, ќе се сложи со ова… Сепак причината за започнување на бизнис за е-трговија секако не е тоа што тој е едноставен, туку што тој носи бројни предности.







