0 коментари 2 мин. читање 25 јануари, 2016

The Arcade е хотел во Амстердам посветен на гејмерите

Во период кога Airbnb сериозно му се заканува на хотелиерството, сопствениците на хотели се приморани да бидат покреативни во привлекување на корисници. Цената не е единствената причина за клиентите кои бараат нешто поинтересно, како што покажува Arcade Hotel во Амстердам. Ова е можеби првиот хотел за гејмери, со редизајнираните соби инспирирани од ретро конзоли и видеоигри.

The Arcade Hotel има 36 соби, и во секоја од нив има конзоли и видеоигри, иако забавата не престанува овде. Насекаде во хотелот има преносни конзоли, за никогаш да не мора да престанете да се натпреварувате со другите гости. Освен престој, хотелот има планови да одржува турнири, но откако ќе има проширување со хала за гејминг и дополнителни десетина соби. „Го ремоделирав хотелот во специјално место за сите кои сакаат гејминг. Сакав да креирам место каде патувачите и гејмерите ќе се чувствуваат како да се на гости кај некој пријател“, вели сопственикот на Arcade, Даниел Салмановиќ.

the_arcade_hotel_Amsterdam_gaming01

the_arcade_hotel_amsterdam_gaming_06

the_arcade_hotel_amsterdam_room01

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top