Start е Android апликација од Celltick која овозможува нов кориснички интерфејс на почетниот екран на телефоните. Апликацијата освен што нуди нов изглед на почетниот екранот, овзможува и проверка на куп податоци од истиот. Од тука може да се види колку нови вести има, друштвени мрежи, овозможува брз пристап до музика и видео, метеоролошките услови и слично.
Start сè уште наликува на стандардниот екран кој го заменува со тоа што нуди повеќе под-менија, на пример, во едно такво мени може да бидат сместени податоците од WhatsApp, Viber, Gmail и SMS пораките; а во друго под-мени се сместени телефонските повици. Апликацијата доаѓа со можност за дополнително дотерување, од промена на темата, до дополнителна селекција на икони за почетниот екран. Можноста за нагодување доаѓа преку плагини кои се достапни на Google Play, но и преку апликацијата. Дел од плагините кои се достапни се Twitter, Facebook, RSS и слични.
[youtube]dyTo36iqWkY[/youtube]







