HashPlex е стартап кој им овозможува на Bitcoin ентузујастите да копаат дигитални крипто-монети и доколку немаат простор каде да ја постават опремата. Стартапот обезбедува хостирање, интернет, старт/стоп/контрола скриптирање и основно одржување, додека опремата е кај нив. За сите кои се заинтересирани да „копаат“ Bitcoin-и, најголем проблем претставува сместувањето на опремата. Таканаречените „рудари“ не само што трошат многу електрична енергија, тие доволно загреваат да нема потреба од греење преку зимата, но и генерираат огромна бучава кое го нарушува живеењето во тие простории. HashPlex вели дека ќе се справи со сите овие проблеми.
„Вие само испратете ја опремата кај на, ние ќе и дадеме убав дом, со евтина енергија, ќе ја поврземе на Интернет и ќе се погрижиме за огромната топлина која ја оддава.“, вели Џорџ Шурле, основач на HashPlex.
Најголем дел од заработката за HashPlex доаѓа од поевтината електрична енергија која ја плаќаат, пред се бидејќи купуваат големи количини, но и компанијата се наоѓа во Вашингтон каде електричната енергија е под просекот во САД. Сепак кога станува збор за рударење од хоби разликата не се чувствува како кај корисниците кои имаат машини како Cointerra TerraMiner IV кој чини 6.000 долари и може да ископа Bitcoin во вредност од 100 долари дневно. Цената која ќе ја плаќаат корисниците за своето сместување е во зависност од потрошувачката и се движи од 99 до 297 долари.
Компанијата најавува и дека корисниците ќе можат да ги контролираат машините со помош на софтвер кој ќе им овозможи да разгледаат какви се нивните перформанси, рестарт на машините, или да изберат на кој проект сакаат да работат.
„Имаме намера целисни да го инструментализираме мајнерот до софтверската страна и да им го овозможиме ова на корисниците. Во моментов е затворен систем, но ќе го отвориме штом ќе можеме“, велат од HashPlex.