Genshin Impact e симпатична RPG игра која стана хит за исклучително кратко време помеѓу гејмерите на паметни телефони. Се работи за игра која во бројни графички и механички елементи потсетуваат на хитот на Nintendo – The Legend of Zelda: Breath of the Wild.
Како бесплатна за играње, Genshin Impact ви дозволува да истражувате огромен, отворен свет сами или во група со уште тројца пријатели. Гејмплејот се состои од хаотични пресметки со најразлични негативци, решавање квестови, отклучување ликови и бројни други активности. Она што кај повеќето остава најголем впечаток е системот со битките и користење седум елементи за ослободување најразлични дефанзивни и офанзивни реакции.
За жал, како и повеќето игри од овој калибар, така и Genshin Impact има кутии со плен, но добрата работа е тоа што, со мали напори, можете целосно да ги игнорирате и сепак да уживате во квалитетни гејминг сесии.
За нешто повеќе од месец дена, Android верзијата на Genshin Impact ја доби препораката од уредниците на Google Play (Editors’ Choice) и извлече просечна оценка од 4.7, засновано на повеќе од 700 000 рецензии. iOS верзијата, пак, има 4.3 оценка, добиена од скоро 4000 рецензии.
[…] толку одамна, пишувавме за тоа колкав хит стана Genshin […]