По стотиците саати тестирање, Google конечно ја претстави својата визија за идните автономни автомобили. На прв поглед, можеби очекувавме нешто пофутуристично, но се работи за прототип кој е доволно фасцинантен и возбудлив сам по себе. Google засега не се грижи толку за дизајнот на првиот автономен автомобил, колку за способноста на возилото самостојно, без волан, да стигне безбедно од една до друга точка.
Засега возилото може да превезе двајца патници со максимална брзина од 40 километри на час. Интересно, освен волан, возилото нема ниту кочница бидејќи Google вели дека „не му треба“, што значи дека ако сте еден од патниците ќе треба да и верувате на технологијата со својот живот.
„Нашиот софтвер и сензори ја вршат целата работа. Возилата се основни – сакаме да научиме од нив и да ги приспособиме што е можно побрзо – но ќе не одведат каде што сакаме само со притискање на копче. Ова е еден важен чекор кон подобрување на безбедноста на патот и трансформирање на начинот како милиони луѓе се движат секој ден“, вели Google.
Следниот план е да се изработата илјадници возила кои ќе бидат предадени на означени експерти за да се тестира безбедноста. Тие возила ќе имаат мануелни контролери, за секој случај, бидејќи автомобилите ќе се движат на јавните патишта во Калифорнија, каде ќе се види како возилата т.е. софтверот се снаоѓа во вистински ситуации.
[youtube]CqSDWoAhvLU[/youtube]







