Спонзорирано

Скопје повторно „Crazy for AI“: Кога технологијата ја засилува креативноста

Минатата недела, во канцеларијата на CrazyLabs во Скопје се одржа второто издание на
CRAZY FOR AI MEET UP, настан кој повторно ја обедини заедницата заинтересирана за
вештачка интелигенција.

По одличните реакции одпрвиот настан, кој беше насочен кон подигнување на свеста за
AI, ова издание беше фокусирано на маркетингот и креативната индустрија. CrazyLabs е
компанија која користи AI во секој сектор и несебично сака да го сподели своето знаење
со заедницата, покажувајќи дека денес има многу алатки кои ни се на располагање и со
кои можеме да бидеме побрзи, поефикасни и поквалитетни во секоја индустрија.

Интересот беше уште поголем од претходниот пат – повеќе од 200 учесници ја исполнија
канцеларијата на CrazyLabs, создавајќи атмосфера полна со енергија, инспирација и
одлични разговори.

Публиката имаше можност да слушне практични примери и алатки кои се користат од
креирање содржина и дизајн, до маркетинг стратегии и нови начини на градење
производи, како и да поставува прашања и да разменува искуства со маркетинг
професионалци од различни области.

Настанот беше воден од маркетинг тимот на CrazyLabs кои несебично споделија
практични искуства од својата работа. Покажаа како со помош на AI секој може лесно да
креира креативни визуелни материјали, дури и без да биде дизајнер; демонстрираа како
може да се изгради цел софтверски производ од идеја до лансирање без пишување код,
користејќи бесплатни AI алатки; и објаснија како AI не треба само да автоматизира
процеси, туку да ја засили креативноста и да помогне во создавање подобри идеи и
кампањи.

Настанот повторно докажа дека постои голем интерес за теми поврзани со AI, а
разговорите и networking-от продолжија и по завршувањето на официјалниот дел.

Crazy for AI продолжува да расте како платформа за споделување и размена на знаење
помеѓу индустријата и сите кои сакаат да учат и да експериментираат со новите
технологии. Целта на CrazyLabs е оваа иницијатива да продолжи и во иднина, преку нови
настани кои ќе ја поврзуваат заедницата и ќе отвораат простор за нови идеи и знаење.

А судејќи по интересот и енергијата на настанот – ова е само почеток.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на CrazyLabs . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]