Пилот проект во Лондон: ChatGPT ги заменува професорите

Уште кога OpenAI го лансираше ChatGPT кон крајот на 2022, чет-ботот достигна еден милион корисници во првите пет дена од неговото лансирање, а ова предизвика вистински бум насекаде.

Светот беше поделен по однос на способноста на ChatGPT, еден дел го најавуваа како пионер на новата ера, а пак други гледаа негативно бидејќи таква моќна алатка може да се искористи и злонамерно.

Главната тема на дискусија околу ChatGPT беше тоа колку работни места може да замени и колку ќе влијае на пазарот на трудот во светски рамки.

Помина нешто повеќе од една година, но и понатаму вештачката интелигенција и чет-ботовите на технолошките гиганти забрзано се развиваат и нивната способност секојдневно се подобрува.

Лондонскиот колеџ Дејвид Гејм сега оди и чекор понапред, започнува пилот проект од септември во кој ќе ги замени професорите со ChatGPT, а во овој проект ќе бидат вклучени околу 20 ученици.

Учениците се на 15 годишна возраст и ќе го користат првенствено ChatGPT заедно со уште неколку AI алатки цела година пред да ги полагаат GCSE (General Certificate of Secondary Education) испитите кои што вклучуваат англиски јазик, математика, хемија, биологија и компјутерски науки.

Покрај AI алатките, учениците ќе имаат на разполагање и тројца ментори, а акцентот на целиот проект е ставен на персонализираното учење.

„Учениците ќе имаат огромна корист од адаптираното учење на AI, кое му овозможува на секој ученик да учи со сопствено темпо наместо да мора да држи чекор со часот, кој често напредува пребрзо за некои ученици, а премногу бавно за други, изјави Џон Далтон, заменик директор на училиштето, за Business Insider.

Како резултат на персонализираното учење се очекува да биде можноста за да се навлезе подлабоко во одредена тема и да се потроши повеќе време на истата таа тема.

Можноста за поставување на многу прашања би била исто така бенефит, а во овој дел се нагласува и удобноста да се постави секакво прашање на AI алатка наместо на професор, бидејќи учениците не секогаш ги поставуваат сите прашања на професорите.

,,Ние не сакаме само да ги предаваме основните предмети што е можно поефикасно и ефективно, туку да го искористиме и дополнителното време што го создаваме во остатокот од денот за да се фокусираме на области како што се самосвест, критичко размислување, активно граѓанство, дигитална писменост, уметничко изразување, јавно говорење и претприемништво, надополнува Далтон.

Вештачката интелигенција може да има голема улога во образовниот процес, но професорите никогаш нема да бидат целосно заменети, истакнуваат од училиштето.

Покрај активностите поврзани со AI алатките, учениците кои што ќе се вклучени во овој проект ќе ги минуваат попладневните часови со активности од типот на дебатирање, развивање претприемачки вештини, финансиска писменост, надополнети со креативни активности како готвење и цртање.

Дали овој пилот проект ќе биде успешен? Дали ќе продолжи да се применува во иднина и какви ќе бидат резултатите на учениците на завршниот испит? Времето ќе даде одговор на овие прашања.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk