Верувале или не, Homura Hime е прво остварување на тајванското независно студио Crimson Dusk. Нешто што започнало како обичен студентски проект на еден човек, сега има заземено амбициозна форма на квалитетен комерцијален продукт. Но, дали е овој продукт за вас и што треба да знаете за него?
Клучни карактеристики:
- Иновативен хибриден гејмплеј: Запрепастувачки добро комбинација од брза hack-and-slash акција со откачени bullet hell механики.
- Впечатлив наратив: Секој бос се одликува со уникатна позадинска приказна која е заснована на силни човечки емоции – комплексни слоеви кои ги откривате само преку борбата.
- Флексибилен борбен систем: Целосна контрола битките благодарение за флексибилниот систем кој целосно се прилагодува на вашите моменти потреби (како избегнување или блокирање)
- Богата персонализација: Собирање уникатни оружја и опрема од поразените босови за креирање на сопствен, индивидуален борбен стил.
- Врвна аудио-визуелна презентација: Прекрасна аниме естетика проследена со врвна јапонска гласовна глума

Без непотребно одоговлекување, Homura Hime е квалитетна акциона игра која се одликува со впечатлив аниме визуелен стил и забавна изведба на целиот bullet hell дизајнот. Тоа значи дека доколку затреперува нешто во вас штом се спомне аниме и bullet hell, тогаш не би требалo да го заобиколите овој хибриден пристап. Наместо тоа, топло препорачуваме да се втурнете во едно ново и уникатно искуство каде што брзите рефлекси и тактичкото позиционирање се пресудни за создавање адреналинска атмосфера.

Дејството во Homura Hime е сместено во мрачен свет кој се дели и од луѓето и од демоните. Во овој свет, душите кои заминуваат со силни чувства на каење, немир и неостварени желби се трансформираат во моќни суштества наречени Архидемони. Разорната, корумпирачка енергија на таквите демони се шири како вирус, безмилосно ја загадува околината и неуморно ги претвора послабите битија во безумни чудовишта. Вие ја следите приказната на Homura Hime и нејзината помошничка Ен. По наредба на Високата свештеничка, нивната мисија е да елиминираат пет исклучително опасни демонски девојки. Но, она што се чини како едноставна мисија поврзана со егзорцизам, бргу преминува во неверојатно патување и скокање низ трагични судбини, скриените емоции и откривање на мистериозната вистина за потеклото на главната хероина.

Во однос на механиките за играње, насловот се потпира на динамичен и флуиден систем кој апсолутно ги наградува вештината и прецизноста на играчот. Борбите бараат константно балансирање помеѓу агресивни физички напади, користење на магии од далечина и прецизно маневрирање низ комплексни шеми на непријателски оган. Особено значајна карактеристика е можноста за инстант прекинување на сопствените анимации за напад со цел да се изврши ненадејно избегнување (dodge) или блокирање (parry). Ова овозможува непрекинато надоврзување на потезите без губење на контролата врз битката. Со напредокот низ нивоата и посетата на специјализирани локации како продавницата на Кушинада, играчите можат да отклучуваат нова опрема, разновидни вештини и специјални оружја кои паѓаат од поразените босови, овозможувајќи им целосно да го персонализираат својот стил на борба.

Визуелната презентација е силно инспирирана од високобуџетната јапонска анимација. За успешно реализирање на ваквата визија, студиото користи живописни бои и експресивни модели на карактери кои одлично се вклопуваат во митолошката тематиката на светот. Homura Hime нуди одлична околина за истражување, со визуелно-исполнителни борбени можности каде прегледноста е на достојно ниво, дури и откако екранот ќе се исполни со стотици смртоносни проектили. Благодарение на професионалната јапонска гласовна глума во која учествуваат реномирани актерки како Томори Кусуноки и Манака Ивами, се додава емотивна тежина на дијалозите. Паралелно на ова, брзата музичка подлога одлично се вклопува и се труди максимално да ја долови ситуацијата во која се наоѓате.

Поради сите овие работи, нема да се погреши ако се каже дека Homura Hime е интригантен и храбар обид да се спојат два навидум различни жанрови во едно впечатливо, адреналинско искуство. Топла препорака доколку сакате да се фокусирате на наративни битки со босови, како и да навлезете во длабоката персонализација на борбениот стил. Овие две клучни точки допринесува насловот да се истакне со јасно препознатлив идентитет, нудејќи часови и часови незаборавна забава.








