Најновиот билтен на обложувалницата Sport Life, доаѓа со огромно изненадување. Отсега обложувачите ќе може да ги ризикуваат своите пари и на StarCraft 2 и League of Legends.
„Во gaming индустријата во светот веќе неколку години се развива e-sports како нов тип на спортски наптвревар. Односно огранизирање евенти, првенства и купови каде се натпреваруваат гејмери од целиот свет. Како и секој друг спортски настан кој се одвива во живо, така и на овие настани постојат фаворити, аутсајдери , подобри или полоши натпреварувачи и за сите нив може да се пресмета соодветна веројатност, т.е коефициенти за победа кои може да се дадат во понуда.
Идејата е: ако има во понуда за обложување на пример, спортови како: снукер, пикадо или други реални настани/натпревари, зошто не би имало во понуда и e-sports, каде е зголемен интересот во последно време.“, велат од SportLife.
За почеток достапни се 7 натпревари, но во SportLife несомнено наскоро ќе го зголемат овој број. Заинтересираните можат да се обложуваат на: натпреварите на Globe Starcraft лигата, Korea LCK Summer, Europes LCS Summer и North America LCS Summer. Од SportLife најавуваат дека наскоро на листата ќе бидат додадени DotA и Counter Strike.
SportLife е првата обложувалница во Македонија во која играчите ќе можат да се кладат на еСпорт. Останува да видиме дали наскоро и останатите ќе го следат нивниот пример.

Во светот обложувањето на еСпорт натпревари не е новитет. За жал, заедно со можноста за брза заработка, дојдоа и проблеми. Така од поодамна веќе има казнето играчи кои намерно ги губеа натпреварите за да можат да ги земат парите од кладилниците.
Секако, обложувајте се одговорно и само за забава.
Поврзано со темата е-спорт:







