All Day и Stumble Upon се одлични алатки за секојдневно пронаоѓање корисна доза информации. Но, што доколку сакате да најдете интересни статии од независни блогови и “инди сајтови”? Зад Notey стои тим од луѓе кој рачно и неуморно копа низ блогерајот и го вади најдоброто од најновото.
Едноставно одберете една од многубројните категории и дозволете му на сајтот да ги прикаже најновите приказни на таа тема. Таквото нешто е дефинитивно олеснето со напредниот пребарувачки енџин кој ги поставува резултатите во форма на блог постови, интереси, инди публикации или луѓе. Енџинот е флексибилен и може да прикажува резултати од одредена тема, земја или пак само објави во видео форма.
Слично на Stumble Upon, постови кои ќе ви се допаднат може да ги сочувате во таканаречените Notebooks, а и да ги споделите со вашите пријатели преку некоја од социјалните мрежи. Кога сме кај ова, доколку се поврзете со вашиот Facebook акаунт, ќе имате увид во постовите кои им се допаѓаат и на вашите пријатели.
На прашањето зошто го прават ова, тимот од Notey објаснува:
„Пронаоѓањето блогови се нема променето во последниве 10-15 години. Покрај едноставните RSS читачи, ние и понатаму се потпираме на препораки за да најдеме одлични блогови.”
Тимот тврди дека моментално располагаат со над 500.000 теми и со самото тоа се најголемиот блог пребарувач и истражувачка платформа.