1 коментар 2 мин. читање 22 август, 2016

Во каква состојба е No Man’s Sky?

Една од најочекуваните, а со тоа и најпродаваните и најиграните игри на денот на излегувањето, воедно беше и една од најкритикуваните игри од корисниците на Steam.

На денот на излегувањето, компјутерската верзија на No Man’s Sky го држеше рангот на претежно негативни рецензии, а играчите се жалеа на бројни заглавувања во светот, ненадејни замрзнувања и исклучувања на играта и нa неуспешни сочувувања на играњето. Да не ни зборуваме за катастрофално-лошата оптимизација која душа вадеше и на најмоќните конфигурации.

Моментно, развивачите Hello Games исфрлија 3 закрпи и сметаат дека 70 проценти од проблемите кои играчите ги искусуваа се разрешени. Од нивното седиште изјавуваат дека неуморно се фокусираат на отстранување на останатите проблематични 30 проценти и дека фокусот го одредуваат првенствено според бројот на засегнати лица.  Од Hello Games најавуват уште една темелна закрпа со која скоро сите технички проблеми би биле искоренети.

За подетално влијание за досегашните закрпи можете да се информирате тука. Она што можеме ние да потврдиме е дека играта е значително подобра од техничката гледна точка, а таквото нешто е видливо и од подобрување на рецензиите на Steam.

Инаку, Hello Games e мало британско инди студио од 15 вработени кои, пред No Man’s Sky, имаат работено само на Joe Danger серијалот. Велиме инди затоа што, наспроти гласините, Sony не ја финансираше играта туку само се погрижи околу нејзината дистрибуција.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top