Google+ апликацијата за Android и iOS денес доби нова надградба со неколку подобрувања. Од сега корисниците преку апликацијата ќе може да се приклучуваат на Hangout и преку својот мобилен телефон да учествуваат во видео разговори. Покрај тоа, отстранета е и забраната на тинејџерите кои досега не можеа да ја користат Hangout можноста на своите Android паметни телефони.
Исто така, новата верзија за Android има и лебдечка временска лента при прегледот на фотографии, кратенки за создавање на нови постови и можност за пријавување на злоупотреба на настаните. Во iOS верзијата покрај веќе споменатите промени, линковите ќе ги отвара во Chrome, нормално, доколку го имате инсталирано тој прелистувач.
Апликацијата може да се најде во Google Play маркетот, односно iTunes.







