0 коментари 2 мин. читање 16 август, 2012

QPrize нуди 100.000 евра инвестиција за најдобриот источноевропски мобилен стартап

Qualcomm Ventures го објави третото издание на натпреварот за стартапи. QPrize е натпревар кој се одржува од 2009 година со цел да ја промовира иновативноста во технологијата и е дизајниран така што ќе ти препознае најветувачките компании уште во раната фаза на нивниот развој. Натпреварот е место на кое што претприемачите со наградата што ќе ја добијат ќе може да ја реализираат својата идеја и да се претворат во успешен бизнис стартап.

За да се пријавите на натпреварот, мора да бидете стартап во еден од осумте региони кои ги опфаќа овој натпревар, а меѓу нив е и Источна Европа. На QPrize треба да се пријавите уште денес, бидеќи, за жал, крајниот рок е утре, 17 август.

Kритериумите по кои Qualcomm Ventures ќе ги проценува старпите се:

  • Колку стартапот навистина е иновативен, односно креативен?
  • Дали стартапот опфаќа голем пазар на кој ќе може да се прилагоди?
  • Дали тимот е способен за реализација на планот?
  • Дали сте реални за вистинските финансиски предизвици и потенцијали?

Исто така, победникот од секој регион ќе добие по 100.000 евра, додека крајниот победник од сите 8 региони ќе добие дополнителни 150.000 евра. Qualcomm Ventures како инвеститор најмногу ќе биде заинтересиран за мобилните стартапи, со оглед на својата позиција што ја имаат во индустријата.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top