Safety Check алатката на Google Chrome отсега ќе работи постојано

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Safety Check е алатка на Google Chrome која треба да ја зголеми безбедноста на корисниците на прелистувачот.

Една од функционалностите кои ги овозможува е следење на состојбата со компромитираните лозинки и известување ако некоја од лозинките кои ги користиме се појави на оваа листа.

Функционалноста Safety Check е достапна на Google Chrome од декември 2020 година. Алатката ги проверува лозинките на корисниците и ако не се доволно сложени или ако се пробиени како дел од напад корисникот ќе биде известен за ова.

За зголемување на безбедноста од овој месец Safety Check ќе работи како процес во позадина и ќе биде постојано активен. Ова ќе овозможи постојан надзор над потенцијалните безбедносни проблеми. Еден од овие секако се лозинките. Штом Safety Check забележи дека некоја лозинка е во база на небезбедни или пробиени лозинки, сега веднаш ќе испрати нотификација до корисникот. Ова ќе овозможи да биде известен навремено и порано ќе може да ја смени лозинката. Во случаи кога се пробиени лозинките времето на реакција е важно, па секоја промена која ќе влијае на побрзо менување е позитивна за безбедноста.

Покрај лозинките Safety Check ќе ја следи и состојбата со екстензиите за Chrome, па ако некоја е компромитирана откако сте ја инсталирале ќе добиете нотификација која ќе се појави во менито на Chrome. Нотификација ќе добијат и корисниците чии прелистувач не е на најновата надградба на Chrome.

Уште една добредојдена новина е автоматското повлекување на пермисиите ако корисникот долго време не ја посетил страницата. Ова важи на пример за дозволите за користење на микрофон, локација или камера,  на пример. Истото ќе важи и за нотификациите кои пристигаат од веб-страници кои корисникот не ги отворил долг период.

Еден од новитетите кои не се однесуваат на безбедност е додавањето на можноста за зачувување на „таб групи“. Ова овозможува зачувување на групата на еден уред и отворање на друг. За жал, оваа функционалност барем засега ќе биде достапна исклучиво за корисниците на Google Chrome за десктоп.

Веројатно најинтересниот дел од објавата не е нешто што ќе го видиме во декември. Google на блогот објави дека на почетокот на следната година Chrome ќе добие нови функционалности овозможени од вештачката интелигенција Gemini.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments