Samsung ќе претстави паметен часовник; еве ги деталите за Galaxy Gear

во Хардвер

По примерот на повеќе технолошки гиганти и Samsung започна со работа на својот паметен часовник. Galaxy Gear ќе излезе веќе следниот месец, а со часовникот ќе може да разгледувата имејл, да разговарате како на телефон и да сурфате, велат извори за Bloomberg. Датата на која е закажана презентацијата е 4 септември, со истовремени презентации во Берлин и Њујорк. Samsung за оваа пригода можеби ќе отвори и продавница на Тајм Сквер во која ќе ги продава часовниците.

Што се однесува до хардверот, Galaxy Gear доаѓа со 2,5-инчен OLED дисплеј, а самиот часовник е околу 3 инчи, јавува Gigaom. Процесорот ќе биде двојадрен, најверојатно Samsung Exynos 4212 на 1,5 GHz и Mali-400 MP4 графички процесор. Дисплејот поддржува резолуција од 320х320. Ќе има микрозвучници и камера, може да се поврзе со телефон преку Bluetooth 4.0 LE, а со NFC се синхронизира со телефонот.

Часовикот ќе работи на Android 4.1 или 4.2, и ќе има Samsung Store, игнорирајќи го Google Play. Часовникот доаѓа со Facebook и Twitter интеграција, но засега останува нејасно дали часовникот ќе се синхронизира со сите телефони, или, поверојатно, единствено со уредите на Samsung. Во моментов за поврзување на часовникот со телефон е потребен Samsung протокол, што барем засега значи Samsung телефон или таблет компјутер. Аналитичарите предвидуваат дека доколку Samsung не го напушти овој концепт, часовникот ќе биде осуден на неуспех, пред се бидејќи и покрај својата популарност Samsung не може да си дозволи ограничување во бројот на девелопери, со оглед на тоа дека и Apple на големо работи на својот часовник iWatch.

Се чини дека се повеќе технолгијата во своето освохување на преносните комјутери се насочува првенствено кон часовниците како прв избор. Порај Samsung паметни часовници веќе најавија или креираа, Google, Nike, Apple, Microsoft, а еден од првите успешни паметни часовници е Kickstarter проектот Pebble.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Мартин Марковски

NFC не се користи за синхронизација

Виктор Дано
12 years ago

Ќе го користат за синхронизација помеѓу уредите и авторизација.

@boriseto
12 years ago

Кутрите Сони, веќе трета генерација паметен часовник ќе извадат за некој месец, а за нив ни збор дека се први што направиле такво нешто.

Дејан
Дејан
12 years ago
Reply to  @boriseto

Во право си, ги заборавив… :(
Поздрав Дејан

види ги сите огласи на kariera.it.mk