Tesla Motors објави дека нивниот Model S доби пет ѕвездички и сруши рекорд на тестовите за безбедносни стандарди на САД. Model S беше тестиран во пет категории на удари од напрад, страна и од позади. Компанијата, која е основана од еден од креаторите на PayPal, Илон Маск, вели дека ова е прв пат електричен автомобил да биде најбезбедното возило во продажба во САД, побезбеден дури и од мини-комбињата и некои теренски возила.
„Model S има предност пред другите автомобили бидејќи однапред нема голем мотор, туку има поголема зона за сплескување за да го апсорбира ударот со висока брзина. Ова е фундаментален проблем на сила наспроти далечина – колку е подолга зоната за сплескување, толку повеќе време има за да се успорат патниците до г-силите кои не предизвикуваат повреди.“, се вели соопштението.
[youtube]R_PnnrAtRuk[/youtube]