Минатата недела најмногу благодарение на MWC Барселона можевме да видиме куп интересни телефони, но и лаптоп и таблет компјутери. Со оглед на тоа дека речиси сите телефони без разлика на производителот се речиси со ист хардвер, овие уреди последниве неколку години баш и не се интересни. Дури и на настанот кој започна како настан фокусиран на телефони, оваа година се чини дека лаптопите беа поинтересни.
Samsung
Јужнокорејскиот производител Samsung е еден од првите производители на паметни телефони кои започнаа со презентации на своите уреди неколку дена пред MWC. Компанијата со ова помалку украде од сјајот на настанот во Барселона, но сепак уредите на Samsung беа присутни во Шпанија. Лаптопите и хибрид моделите на Samsung се едни од поинтересните уреди оваа година.
Компанијата ги престави новите верзии на Galaxy Book моделите – Galaxy Book2 Pro и Book2 Pro 360. Двата модели доаѓаат со надградба на процесорите, Thunderbolt 4, FHD 1080p камера.
Galaxy Book2 Pro и Book2 Pro 360 доаѓаат во две димензии, 13,3-инчи и 15,6 инчи. Pro моделот доаѓа со AMOLED, FHD (1920 x 1080) екран, а Pro 360 со FHD Super AMOLED дисплеј. Уредите доаѓаат со 12-та генерација на Intel Core i5 или i7 процесори; 8/16/32GB LPDDR5 меморија, 256GB/512GB/1TB SSD диск.
Цената на таблет компјутерите започнува од 1050 долари за Galaxy Book2 Pro и 1250 долари за Galaxy Boox2 Pro 360.
Lenovo
Lenovo го претстави ThinkPad X13 Gen 1, првиот лаптоп компјутер со Snapdragon 8cx Gen 3 чип. Лаптопот треба да биде ARM одговор на Windows на она што Apple го прави со своите M1 процесори.
ThinkPad X13 е изработен како соработка на Lenovo, Qualcomm и Microsoft. Лаптопот е ултра тенок, супер лесен, доаѓа без вентилатори што го прави бесшумен. Иако нема тестови за батеријата, ниту податоци за колкаво е оптоварувањето, со едно полнење лаптопот работи 28 часа.
Секако ќе биде интересно да видиме какви ќе бидат перформансите и компатибилноста на новиот чип на Qualcomm со Windows 11 оперативниот систем.
За сите кои не се воодушевени од ARM процесор, Lenovo претстави повеќе други лаптопи. ThinkPad X1 Extreme Gen 5 доаѓа со 12-та генерација на Intel Core i9 процесор; Nvidia RTX 3050Ti/3060/3070Ti/3080Ti графичка картичка; 64GB DDR5 RAM; максимални 2 SSD диска од 4TB (вкупно 8ТВ); две USB-C Thunderbolt; две USB-A 3.2 порти; HDMI 2.1 излез. Во зависност од компонентите Extreme Gen 5 може да достигне и цена над 2000 долари.
Huawei
Кинескиот производител Huawei оваа година е поинтересен со своите лаптоп и хибридни уреди. Huawei MateBook E е 2-во-1 хибриден уред на Huawei и интересна мешавина на таблет и лаптоп компјутер. Уредот е толку добар што дел од прегледите го споредуваат со Surface Pro 8 на Microsoft.
Уредот е 12,6-инчен таблет компјутер со одделна тастатура која слично како и кај Surface се „закачува“ на таблетот. MateBook Е доаѓа со12,6-инчен OLED дисплеј со резолуција 2560х1600; Intel Core i3/Core i5/Core i7 процесори; 8GB RAM и 128 GB SSD. Тежината на таблет компјутерот заедно со батеријата е 709 грама, а на тастатурата која се додава 440 грама. Комбинацијата од двете е 1,15kg. Во Европа цената на овој модел на таблетот ќе биде 650 долари, што се оглед на преносливоста и хардверот и не е премногу.
Таблетот доаѓа со OLED дисплеј и електронско пенкало, што полека станува задолжителен додаток за овие таблет компјутери кои нудат поголема продуктивност. Пенкалцето е дополнителен дел, и за жал сите кои сакаат да го купат ќе треба да доплатат 100 евра. Полека се навикнуваме и на таблет компјутерите кои доаѓаат со Windows оперативен систем, а овој доаѓа со Windows 11.
Цената на моделот со Core i5 процесор; 16GB RAM; 512 GB, со пенкалцето е 1200 евра, и уредот ќе биде достапен во продажба во Европа.
Acer
Acer Swift 5 е уште еден солиден лаптоп кој можевме да го видиме на MWC Барселона 2022. Моделот доаѓа со 12-та генерација Intel Core процесор; интегрирана Intel Iris Xe; 14-инчен, 16:9, 2560×1600 дисплеј, 16GB RAM; максимални 2TB SSD простор.
На лаптопот има простор за две Thunderbolt 4 порти, две USB 3.2 Gen 1 порти и HDMI 2.1 порта. Батеријата на Acer Swift 5 е доволна за 10 часа работа помеѓу полнењето.
The Acer Swift 5 starts ќе чини 1500 долари и ќе биде достапен од средината на годината – јуни 2022.