Tizen е нов слободен оперативен систем кој во моментот е во рана фаза на изработка, но има доволно поддршка од 36 големи ИТ и мобилни гиганти за да стане сериозен конкурент на мобилниот пазар. Tizen е креиран од тоа што остана од MeeGo OС-oт на Nokia и Intel, со малку Bada OS на Samsung. Најновите вести околу овој мобилен оперативен систем, на кој поради слободната и колаборативна природа се гледа како на конкурент на Android, е дека има нова Tizen 3.0 верзија која може да поддршка за 64-битна архитектура, што е релативна нова технологија која се појави за прв пат кај паметните телефони со претставување на Apple iPhone 5S.
Првите телефони на Tizen се очекуваат во февруари 2014-та година, и тоа најверојатно од Samsung кој, според AP, сака да има алтернатива на Android од кој зависи премногу, држејќи повеќе од една-третина од Android пазарот. Проблемот на Samsung е што иако заработува од Android сепак тоа го прави само од продажбата на телефони, не и од продажбата на услуги. Со Tizen, Samsung се надева дека ќе има подобра стратегија да ги популаризира своите сервиси, но и да го искористи оперативниот систем за своите други продукти како фрижидери и телевизори. Samsung на овогодинешната конференција за Tizen им вети на програмерите дека ќе има 4 милиони долари награден фонд за најдобрите апликации за овој оперативен систем.
[youtube]nkfd-2cLq-g[/youtube]







