Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, и поранешниот претседателот на САД, Бил Клинтон, во интервју за Wired велат дека според нивните искуства напредокот и предностите кои доаѓаат со новата технологија се бесценети, но истовремено прашуваат дали технологијата треба да биде поважна од образованието и вакцините?
Услугите кои ги нуди интернет не се елементарни како храната, образованието или вакцините, но конективноста која ја овозможува интернетот може да направи корисниците да го добијат на пример најквалитетното можно образование дури и во најнепристапните локации, и да помогне за проверка на количината на вакцини која е достапна па дури и асистенција кога помош дава недоволно подготвен лекарски тим.
„Има многу важни работи: образование, добри владини политики, вакцини за мали сипианици за децета да не умираат рано, мора да ги приоретизираме овие работи. Но прекрасно во конективноста е што ќе може да овозможи да бидеме помош за транспарентност на владите, подобра едукација или здравство, на пример. Тоа е една од работите кои ќе ни овозможат подобро да работиме…“, вели Бил Гејтс.
Подолу е дел од интервјуто. Целото може да го најдете на Wired.
[youtube]oH_lCNCAccg[/youtube]