Спонзорирано

Samsung Galaxy S26 Серија: Snapdragon 8 Elite Gen 5 и On-Device AI еволуција

Спонзорирано од Samsung

во Мобилни, Спонзорирани

Заедницата на програмери и IT професионалци знае дека „паметен телефон“ во 2026 година веќе не е само простор за апликации, туку комплексен хетероген компјутерски систем. Со новата серија Galaxy S26, Samsung го напушта класичниот итеративен пристап и се фокусира на Compute-on-Edge парадигмата, оптимизирајќи го хардверот за локални LLM (Large Language Models) и напредна безбедност.

Чипсет: Snapdragon 8 Elite Gen 5 за Galaxy

Во срцето на Galaxy S26 Ultra моделот е прилагодена верзија на 3nm (GAA процес) чипсетот, оптимизиран за повисоки фреквенции на примарното јадро.

  • NPU (Neural Processing Unit): Со пораст од 39%, овој копроцесор е оптимизиран за INT4 и FP16 операции, што е важно за извршување на активности од страна на модели како Gemini Nano директно на уредот. Наместо да се потпира на REST API повици кон cloud, серијата Galaxy S26 овозможува локална инференција, што значи нулта латенција и зголемена функционалност на AI алатките.
  • CPU: Скокот од 19% во single-core перформансите е резултат на редизајнираната хиерархија на кеш меморијата (L2/L3), што директно влијае на брзината на компајлирање и извршување на комплексни скрипти во мобилни IDE средини.
  • GPU: Со 24% подобрување и поддршка за Hardware-Accelerated Ray Tracing, уредот служи за гејминг, а нуди техничка можност дури и за мобилна визуелизација на CAD модели и AR развој во реално време.

Термален менаџмент и одржливост на перформанси

За програмерите кои користат телефони за долготрајни задачи (компајлирање, дебагирање преку ADB), најважен е Vapor Chamber системот. Унапредениот систем за ладење кај Galaxy S26 Ultra има висока спроводливост и зголемена површина на комората. Ова спречува агресивен thermal throttling, овозможувајќи му на чипсетот да ги задржи максималните фреквенции дури и при зголемено оптоварување на сите јадра подолго време.

Екран и приватност на ниво на хардвер

Privacy Display на Galaxy S26 Ultra не е софтверски трик со филтри за контраст. Станува збор за технологија интегрирана во самиот OLED панел. Кога е активна, таа ја канализира светлината во тесен сноп.

  • Видлив агол: Корисникот кој гледа директно во уредот ги гледа податоците, а оние што пробуваат од страна да видат, гледаат затемнет, замаглен екран.
  • Импакт: Ова е „must-have“ за секој што работи со SSH клучеви, токени или доверлив код на јавни места, бидејќи физички ги оневозможува т.н. shoulder surfing напади.

Професионално видео и APV кодек

За првпат во Galaxy екосистемот, поддржан е APV (Adaptive Professional Video) кодекот. Ова е значајно за девелопери кои работат на видео апликации или стриминг платформи, затоа што овозможува висок бит-рејт со минимална компресија. Дополнително, поддржува 12-bit длабочина на бои, со што Galaxy S26 Ultra станува легитимен уред за професионален „color grading“ и монтажа во движење.

Безбедност: пост-квантна криптографија (PQC)

Samsung Knox еволуира со поддршка за PQC алгоритми. Ова е одговор на заканите од квантното пресметување кое во иднина би можело лесно да ги пробие RSA и ECC енкрипциите. Со имплементација на пост-квантна криптографија, серијата Galaxy S26 гарантира дека вашите податоци и енкриптирани партиции ќе останат сигурни во годините кои следат.

Одлична понуда за најбрзите

Samsung нуди можност за нарачка на новите уреди во период од 25 февруари до 4 март 2026. Што добивате ако нарачате? Storage Upgrade: Бесплатна надградба на меморијата – за купен уред со 256GB меморија, автоматски добивате уред со 512GB меморија по иста цена. На овој начин за помалку, добивате повеќе, или паметна зделка за паметен телефон.

Ако барате мобилен уред кој може да служи како девелоперски тест-бед за најновите AI трендови, а притоа нуди највисоко ниво на заштита на приватноста досега кај било кој мобилен уред, серијата Galaxy S26 (особено Galaxy S26 Ultra) е моменталниот „state-of-the-art“ на пазарот.

Повеќе информации за новите Galaxy S26 уреди можете да дознаете на: www.samsung.com/mk.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Samsung . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk