Samsung го бара изворниот код на iPhone 4S

во Мобилни

Samsung и Apple полека но сигурно станаа шпанска серија, или по ново турска серија, а ние сме тука да ја раскажеме најновата епизода. Во австралија, Samsung продолжува со контра нападите против Apple, барајќи од австралискиот суд да дозволи пристап до изворниот код на фирмверот на новиот паметен телефон на Apple, iPhone 4S, како и информации за договорите кои Apple ги има потпишано со поголемите оператори во државата. Сето ова е со цел да се забрани продажбата на новиот iPhone 4S.

Samsung со овој потег ја засилува правната битка во Австралија, откако австралискиот суд одлучи да стави привремена забрана за продажба на таблет компјутерот Samsung Galaxy Tab 10.1, забрана која беше предизвикана од Apple. Samsung сега поднесува контра тужба, обвинувајќи го Apple дека прекршува три патенти поврзани со безжичната 3G технологија на Samsung, тужба која веќе е поднесена и во Европа.

Барањето на изворниот код, како и на договорите со Vodafone, Telstra и Opus е со цел да може корејската компанија да изгради правен случај за забрана на продажба на iPhone 4S. Интересно за Samsung е тоа што за овој случај е одговорен истиот судија кој го водеше случајот против нивниот таблет компјутер. Лошото за Samsung е тоа што iPhone 4S се продава во Австралија веќе две недели. Овој случај треба да продолжи на 4 ноември.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk