Хардвер од минатата недела: Nothing Phone 3a, WWDC 2025, Light Phone III и Canon EOS R50 V

Оваа недела светот на технологијата баш немаше премногу возбудливи најави и прегледи.  За да не останеме без ништо се погрижија неколку производители и компании. Од новите паметни телефони на Nothing, кои се истакнуваат со својот уникатен дизајн и конкурентни цени, до претстојната WWDC конференција на Apple, каде очекуваме поголеми софтверски иновации. Во меѓувреме, Light Phone III нуди минималистички пристап кон мобилната технологија, додека Canon EOS R50 V со своите напредни стриминг функции е насочена кон видео-блогерите.

Први прегледи за Nothing Phone 3a и 3a Pro

Еден од најинтересните телефони во последните неколку години Nothing Phone ја доби својата најнова верзија и некои од првите рецензии. Nothing Phone 3a и 3a Pro се два нови паметни телефони кои се интересни најмногу пореди уникатниот дизајн,  но и поради солидната камера и примамлива цена.

Клучни Карактеристики и Спецификации:

  • Nothing Phone 3a:
    • Цена: 379 американски долари
    • Екран: 6,77-инчен AMOLED, 120Hz
    • Камери: 50MP главна, 8MP ултраширока, 50MP телефото (2x оптички зум)
    • Процесор: Qualcomm Snapdragon 7s Gen 3
    • Батерија: 5000mAh, 50W брзо полнење
    • Дизајн: Стаклен заден дел и IP64 отпорност на вода и прашина.
    • 12GB RAM
  • Nothing Phone 3a Pro:
    • Цена: 459 американски долари
    • Екран: 6,77-инчен AMOLED, 120Hz
    • Камери: 50MP главна (со двоен пиксел автофокус), 50MP телефото (3x оптички зум, 6x lossless crop), 50MP ултраширока
    • Процесор: Qualcomm Snapdragon 7s Gen 3
    • Батерија: 5000mAh, 50W брзо полнење
    • Дизајн: Масивен модул за камера и IP64 отпорност на вода и прашина.
    • 12GB RAM

Како и досега и новиот модел на Nothing Phone доаѓа со својот футуристички дизајн. Телефонот одлично изгледа и поради својата различност е интересен за купувачите.

Nothing Phone 3a Pro доаѓа со одлични камери. Ова најмногу важи за телефото камерата која речиси и да не е достапна во оваа ценовна категорија. Nothing Phone 3a исто така нуди одлични камери за својата цена.

Во време кога секој производител додава нешто на оперативниот систем, Nothing Phone доаѓа со чист Android OS. Nothing OS има различен изглед, но самиот телефон доаѓа без непотребни апликации (bloatware), што овозможува брза и ефикасна работа.

Една од најголемите предности на телефонот е цената. Покрај солидните хардверски спецификации и функции, уредот не е премногу скап.

WWDC 2025 од 9 до 13 јуни

Apple го најави својот годишен Worldwide Developers Conference (WWDC) за периодот од 9 до 13 јуни 2025 година. Оваа конференција, која традиционално се одржува во Apple Park, е клучен настан за развивачите и љубителите на Apple. Тука компанијата ги претставува своите најнови софтверски и технолошки иновации. Очекувањата вообичаено се големи, а Тим Кук ќе ја отвори конференцијата со главниот говор на 9 јуни.

Од она што веќе е познато, е дека може да очекуваме нови визуелни промени во оперативните системи iOS 19 и macOS 16. Токму ова треба да биде фокусот на конференцијата. Секако ќе има и ажурирања за Apple Intelligence, технологија која беше интегрирана во iOS 18.3 и која наиде на проблеми. За жал, ако очекувате да видите ажурирање на Siri со персонализирани функции ќе мора да ве разочараме. Овој проект барем засега е одложен. За настанот, главниот говор ќе се одржи во живо во Apple Park, а остатокот од WWDC ќе биде онлајн и бесплатен за развивачите.

WWDC ја поставува насоката за идните софтверски и технолошки насоки на Apple. Оваа конференција е важна за развивачите кои работат на платформите на Apple, бидејќи им овозможува да се запознаат со новите алатки и технологии. За љубителите на Apple, WWDC е можност да видат што ново ќе донесе компанијата во нивните уреди. И покрај одложувањето на некои проекти, настанот ќе претстави значајни ажурирања и иновации.

Light Phone III: скап минимализам

Серијата телефони Light Phone продолжува со својата филозофија на минимализам со Light Phone 3. Како и досега и новиот телефон е наменет за корисници кои бараат едноставност и фокус, наместо постојана поврзаност и одвлекување на вниманието. Телефонот е наменет за корисници кои сакаат да се ослободат од зависноста од бескрајното скролање, и непотребните апликации. Најголем дел од функционалностите не се заразно оптоварување.

Light Phone III доаѓа со црно-бел OLED екран, 6GB RAM, 128GB флеш диск, и нов Qualcomm чип, што претставува значително подобрување во однос на претходниот модел.

Телефонот доаѓа без апликациите од трети страни, друштвени мрежи, интернет прелистувач и е-поштата, фокусирајќи се на основните функции на телефонот. Сепак, има неколку корисни алатки како што се NFC чип за плаќања, музички плеер, подкаст плеер, апликација за пораки, сијалица, гласовни белешки, календар, тајмер и аларм.

Дополнително, вклучува едноставен систем на камера инспириран од point-and-shoot модели. Камерата доаѓа со основни функционалности, што некако одлично се вклопува во намената на уредот. Други хардверски спецификации вклучуваат сензор за отпечаток на прст на копчето за вклучување, USB-C порта и звучници на дното. Батеријата лесно се менува што е значително подобрување, и овозможува подолготраен уред. Во време кога најголем дел од телефоните се поголеми, Light Phone III доаѓа со помал уред; ширина е слична како кај новиот iPhone, но уредот е многу пократок.

Ако зборуваме за предностите, цената на Light Phone 3 не е една од нив.  Телефонот чини 799 долари што е значително повисока од претходниот модел. За време на претпродажбата, цената е 599 долари.

Ова е телефон за оние кои бараат дигитална детоксизација и претставува уникатна алтернатива. За најголем дел од корисниците може да биде добар втор телефон за времето кое го поминуваат со семејството, но тешко дека може да земени стандарден паметен уред за работа. Ценат од 600, па дури и 800 долари е превисока за ваков уред.

Canon EOS R50 V

Canon има нов уред за видео-блогерите. Производителот го претстави Canon EOS R50 V кој благодарение на серијата функционалности може да биде примамлив за видео-блогери и креатори на содржина.

Производителот пред сè се надева дека ќе привлече купувачи со подобрените видео перформанси. Камерата овозможува снимање на 4K видео со 60fps што секако значи и поквалитетни снимки. Компактниот и лесен дизајн го олеснува ракувањето, особено за влогови во движење. Камерата доаѓа со автоматскиот Dual Pixel AF II фокус, обезбедувајќи прецизно и брзо фокусирање. Дополнително, вграденото копче за стриминг во живо го поедноставува процесот на стриминг. Можноста за замена на објективи обезбедува флексибилност и креативни опции.

Цената на камерата од 650 долари, ја прави привлечна опција за оние кои бараат солидни видео перформанси и не премногу висока цена.

Спецификации:

  • 24.2MP APS-C сензор.
  • 4K 60fps видео снимање.
  • Dual Pixel AF II автоматски фокус.
  • 3-инчен екран на допир.
  • Специјално копче за стриминг во живо.
  • Можност за замена на објективи (RF-S).

Секако, како сите уреди и EOS R50 V има неколку недостатоци кои треба да се земат во предвид. Камерата доаѓа без електронски визир, што може да го ограничи нејзиното користење во светли надворешни услови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk