Стартува новиот интерфејс на Gmail

во Веб

Редизајнот на Gmail беше најавен уште во јули, а од денес тој дизајн станува активен. Корисниците во текот на наредниве неколку дена ќе можат да кликнат на Swtich to the new look на десниот долен агол од Gmail за да се префрлат на новиот интерфејс.

Новиот Gmail ќе има комплетно редизајниран конверзациски мод за следење на разговорите. Сега ќе се прикажуваат профил сликите на контактите за да може полесно да се следи кој што пишал. „Го изчистивме интерфејсот колку што е можно за да може да се фокусирате на комуницирање со вашите пријатели и колеги.“, вели Google.

Воведена е и опција за промена на дисплејот за да може Gmail да функционира на различни уреди со различна големина. Mестото меѓу елементите автоматски да се променува зависно од уредот. Сега има и нови HD теми од iStockphoto за разубавување на интерфејсот.

Елементите на левиот навигациски панел сега може да се прераспределуваат и да се зголемуваат, а ќе може да се користат и стрелки за навигација меѓу интерфејсот. Подобрено е и пребарувањето на содржината со паѓачко мени. Истото мени може да се искористи како филтер за пребарување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk