Оваа есен Apple наместо еден организира два настани на кои ќе претстави хардвер. Дел од хардверот го видовме вчера; Apple претстави надградби на Apple Watch и iPad, а од денес се достапни и новите верзии на iOS, iPadOS, watchOS и tvOS.
Поинтересниот настан на кој ќе биде преставен новиот iPhone доаѓа подоцна, но и на овој имаше доволно нови уреди за љубителите на хардвер.
iPad Air
iPad Air доживеа редизајн и сега е многу поблизок до iPad Pro. Ова најмногу се должи на намалувањето на рамката околу екранот. Новиот таблет доаѓа и со нов процесор. A14 Bionic е шест јадрен, 5nm процесор, кој заедно со остатокот од надградениот хардвер ќе понуди 40 отсто подобри перформанси.
Надградби има и во камерата која сега е 12MP иста како онаа која Apple ја користи во Pro моделот на таблет компјутерот. Предната камера е 7MP со smart HDR и поддршка за 1080р 60fps видео.
Таблетот сега ќе нуди поддршка за електронското пенкало, кое сè уште чини 120 долари. Дополнително со таблетот ќе може да се користат и Apple тастатурата и тастатура-прекривката Smart Keyboard Folio.
Apple Watch
Покрај таблетот Apple претстави надградба и на паметниот часовник. Веројатно најголема промена кај часовникот е преставувањето на нова, SE верзија на уредот. Слично како и телефонот, новиот SE часовник е поевтина верзија на оригиналниот уред. Apple Watch SE е алтернатива на Apple Watch Series 6.
Apple Watch 6 доаѓа со S6 процесор кој е верзија на A13 процесорот за паметни часовници. Надграден е и екранот, кој сега е два и пол пати посветол. Apple на новиот часовник додаде сензор кој на корисниците ќе им ја покаже сатурацијата со кислород.
Часовникот е достапен во претпродажба, а испораката и продажбата започнуваат во петок. Цената на основниот модел е 400 долари.
Поевтиниот Apple Watch SE доаѓа со исти сензори како и „големиот брат“: акцелерометар, жироскоп, алтиметар и сензор за детектирање на пад.
Заедно со часовниците Apple претстави и нова услуга, Apple Fitness+. Станува збор за сервис кој на претплатниците им овозможува да следат фитнес програма на Apple. Дел од курсевите се кардио вежби, но и часови по јога. Цената на претплата е 9,99 долари месечно или 80 долари годишно.
iOS 14, iPadOS 14 и WatchOS7
Надградбата на оперативниот систем на уредите на Apple започнува од денес. Покрај телефоните и таблетите нова верзија на оперативниот систем ќе добијат и паметниот часовник и Apple TV box.
Apple One
Конечно Apple претстави и претплата во пакет. Компанијата го рекламира пакетот како сè на едно место, но всушност нуди 3 различни пакети.
- Индивидуален доаѓа со Apple Music, Apple TV+, Apple Arcade, и 50GB простор на iCloud за 15 долари месечно.
- Семеен пакет доаѓа со Apple Music, Apple TV+, Apple Arcade, and 200GB простор на iCloud за 20 долари месечно, а можат да го делат 6 членови на семејството.
- Премиер ги вклучува сите сервиси на Apple, но зависи дали се достапни на локацијата. Apple Music, Apple TV+, Apple Arcade, Apple News+, Apple Fitness+, 2TB простор на iCloud за 30 долари, и можат да го делат 6 членови на семејството.
Следниот настан на кој Apple ќе ја претстави следната генерација на iPhone веројатно ќе се случи многу брзо, можеби веќе во првата половина на октомври.
[…] на овој настан. Главна причина за ова е што на претходниот настан претставија куп други уреди, па мислевме дека овој пат […]
[…] настаните на кои ќе го претстави својот хардвер. На средината на септември ги видовме Apple Watch, новиот iPad и iOS 14, а месец подоцна ги […]