Македонската Embed Social лансира нови алатки базирани на вештачка интелигенција

Брзиот раст и популарноста на вештачката интелигенција последните неколку месеци направи многу промени, но отвори и многу нови можности. Корисниците набрзина се навикнаа да користат вештачка интелигенција, па сега компаниите брзаат да ја прилагодат својата понуда и да ја олеснат дополнително работата на своите клиенти. Македонската компанија Embed Social, која нуди SaaS решение за интеграција на друштвени мрежи и кориснички-генерирана содржина, претстави нова функционалност за корисниците – алатки базирани на вештачка интелигенција. Алатката ја лансираа на ProductHunt.

Засега вештачката интелигенција се користи во четири нови алатки базирани на четботот ChatGPT: AI Reviews Summarizer, AI Replies Generator, AI Reviews Assistant и AI CSS Generator. Главна цел на алатките е да им помогнат на бизнисите во менаџирањето на содржините кои ги добиваат на друштвените мрежи и да го намали времето потребно за управување со нив.

Сите четири алатки кои Embed Social ги претстави оваа недела се развиени на интерен хакатон. Најпрво се креирани како концепт, а потоа најдобрите се завршени и надградени.

„Да бидам искрена, нашиот план беше да имплементираме вештачка интелигенција во нашата платформа многу подоцна, некаде околу крајот на 2023, но бевме изненадени од експоненцијалниот раст на пазарот, како и самата популарност и користењето на алатки базирани на вештачката интелигенција во последните неколку месеци.

За да го забрзаме развојот, организиравме хакатон каде што сите членови на тимот имаа слобода да споделат и да работат на свои идеи со цел имплементација на ChatGPT. Токму од самиот хакатон како идеи произлегоа овие 4 алатки. Подоцна ги надградивме, подобривме и официјално ги лансиравме за корисници“, вели Марија Аждерска од Embed Social.

Новите алатки за генерирање на содржина и нови функционалности кои користат вештачка интелигенција може да ги разгледате веднаш на веб-страницата на Embed Social. Истите се  достапни и преку бесплатен 7-дневен пробен период. По истекувањето е потребна Pro претплата.

  • AI Reviews Summarizer овозможува генерирање на сумарен текст од различните рецензии  (testimonial) кои ги оставиле корисниците на самиот прозивод или услуга. Новиот виџет не ги уредува постоечките рецензии, туку треба на новите корисниците да им помогне на едно место да прегледаат што генерално корисниците мислат за некој производ или услуга.
  • AI Reviews Assistant е алатка наменета за корисниците кои сакаат да остават своја рецензија на производот или услугата. Алатката е надградба на постоечката форма за пишување рецензии. Користењето од страна на клиентот е супер едноставно. Штом започне да пишува и внесе неколку збора, добива избор од неколку предлози во зависност од она што го внел. Рецензијата е срочена со правилен правопис, персонализирана за одредениот бизнис и спремна да биде испратена. Со ова бизнисите добиваат поголем број на подолги, посодржајни и персонализирани рецензии.

За AI Review Assistant корисникот треба да ги внесе клучни зборови кои сака да ги содржи самата рецензија. Колку поголем број на клучни зборови се внесени, толку поголема персонализираност ќе има рецензијата. Без разлика на интеракцијата, резултатот секогаш е соодветно напишана рецензија.

  • AI Replies Generator, им овозможува на корисниците (бизнисите) да генерираат одговор на рецензиите кои ги пишуваат нивните клиенти. Aлатката автоматски генерира персонализиран одговор, но секако оној кој го надгледува ова мора да провери дали одговорот е и соодветен.
  • AI CSS Generator им овозможува на корисниците сами да генерираат персонализиран изглед за својот виџет. За креирање на изгледот не е потребно познавање на CSS, а вештачката интелигенција креира соодветен изглед за виџетите.

Најголема интеракција за подобар резултат се очекува кај AI CSS Generator алатката. Колку подобар промпт за тоа што сака да смени во изгледот на виџетот даде корисникот, толку подобро вештачката интелигенција ќе може да одговори на неговите барања, и да го напише правилниот код наместо него.

AI Reviews Management алатките од EmbedSocial во моментов се на Product Hunt. Ако имате некоја сугестија или идеја можете да ги контактирате и да ставите коментар, а може и да ги поддржите на PH со по некој upvote.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Kоментари на статија (0)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

Засега вештачката интелигенција се користи во четири нови алатки базирани на четботот ChatGPT: AI Reviews Summarizer, AI Replies Generator, AI Reviews Assistant и AI CSS Generator. Главна цел на алатките е да им помогнат на бизнисите во менаџирањето на содржините кои ги добиваат на друштвените мрежи и да го намали времето потребно за управување со нив.

одговори Лајк

види цела содржина...
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments