Lucasfilm го вработи креаторот на deepfakes за Mandalorian и Rogue One

во Вести

Креирањето на различна содржина како хоби понекогаш може и да се исплати. YouTube креаторот Shamook кој креира куп одлични deepfake видеа сега ќе го работи она што го сака во Lucasfilms.

Одделот за специјални ефекти на Lucasfilm, Industrial Light and Magic го ангажираше креаторот да работи на идните филмови на студиото. Shamook е дел од Lucasfilm неколку месеци, но сега ја потврди веста со објава на друштвените мрежи.

„Некои од вас веќе знаат, им се приклучив на ILM/Lucasfilm пред неколку месеци и немав време да креирам нова содржина на YouTube. Сега се навикнав на работата, па повторно ќе почнам да објавувам видеа“, вели Shamook во објава на YouTube.

Покрај сцената на Лук Скајвокер во Mandalorian тој има куп друга содржина креирана со помош на вештачка интелигенција. Креирањето на Моф Таркин и Леа Органа во Rogue One се дел од оваа содржина, но на каналот има и куп други видеа.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk