Innovate.X 2024: Поглед кон иднината на иновацијата

Innovate.X 2024 е првиот регионален фестивал за иновации во Македонија, организиран од консултанската компанија Солвео. Дводневниот корпоративен настан ќе се одржи на 28 и 29 мај во Хотел Мериот во Скопје, а покрај конференцијата, настанот ќе има и работилници за развој на иновации и креативни решенија. Како што велат организаторите, ваквата комбинација ќе понуди едно ново искуство за учесниците. 

“Innovate.X 2024 се издвојува како револуционерен настан кој комбинира корпоративна конференција со custom работилници фокусирани на иновации и креативни решенија, нудејќи посебно искуство што го издвојува од конвенционалните корпоративни собири. Она што го прави Innovate.X навистина уникатен е неговата интеграција на Design Thinking, структуриран пристап за поттикнување на креативноста, соработката и емпатичното разбирање на крајните корисници,“ вели Драгана Зографска, ко-основач на Солвео. 

Продуктивната работилница ќе биде водена и модерирана од над 10 Design Thinking тренери, кои ќе работат со тимовите за три клучни теми:

  • Sustainable Futures
  • AI-Powered Innovation
  • Marketing Technologies

“Бидејќи нашиот процес се заснова на методологијата Design Thinking, која е агностичка во индустријата, имаме искуство со работа со над 30 различни индустрии, како и со јавниот и невладиниот сектор, се одлучивме на еден поголем настан за иновации. Идејата е компаниите да учествуваат на голема работилница каде нивните тимови ќе креираат решенија, продукти и стартегии, а воедно ќе се вмрежуваат и разменуваат искуства во една поинаква атмосфера. Тимовите надвор од своите канцеларии и секојдневие, преку инспиративниите говори се очекува да се стекнат со нови перспективи и вештини,“ вели Зографска.

Истовремено, Innovate.X ќе понуди и инспиративни говори и панел дискусии од професионалци на дадените теми, како и увид во глобалните иновациски трендови и стратегии за одржливост и искуства од соседните земји. 

Десетте фасилитатори кои ќе ги водат работилниците од Innovate.X се дел од Солвео, додека дел се наши соработници и партнери, а некои од нив се и од соседните држави. Речиси сите имаат долгогодишно искуство на фасилитатори, специјализирани за одредени дејности и водено над 100 работилници и обуки,“ вели Лела Анастасова, Design Thinking тренер во Солвео.

Компаниите кои ќе учествуваат на Innovate.X ќе добијат неколку значајни придобивки:

Позиционирање за лидери во иновации, што ги поставува учесниците во преден план во својата индустрија.

– Поттикнување на професионален развој преку учество во работилниците и дискусиите со истакнати експерти.

– Креирање на иновативни решенија, продукти и сервиси преку колаборацијата и идентификацијата на нови начини за решавање на предизвиците.

– Следење на глобалните трендови преку претставувањата и дискусии со експерти од регионот.

– Зајакнување на тимовите за развој на бизнисите и соработка со колеги од различни компании.

“Спроведувањето на Design Thinking е во развојот на бизнисот и иновациите им овозможува на компаниите да негуваат култура на експериментирање, што доведува до создавање на производи и услуги кои вистински резонираат со нивната целна публика. Овој пристап поттикнува динамична средина која промовира континуирано подобрување и води кон иновации. Со учество на работилницата, присутните може да очекуваат дека ќе добијат практични сознанија за примена на нови алатки за некоја од темите, на предходно дефиниран предизвик по спроведена анализа на тимот и идните планови на компанијата учесник,“ потенцира Зографска. 

Дополнително, компаниите учеснички од Македонија ќе добијат можности и предности во поглед на нивното понатамошно позиционирање на домашниот и странскиот пазар.

“Тие ќе имаат можност да ги прошират своите хоризонти и експоненцијално да ги прошират своите професионални мрежи, поврзувајќи се со колеги од индустријата, потенцијални соработници и експерти во различни области. Покрај тоа, присутните може да очекуваат да добијат непроценлив увид во врвните трендови и стратегии, стекнување свежи перспективи и иновативни идеи кои можат да го преобличат нивниот пристап кон забележлив прогрес на бизнисот. Innovate.X 2024, исто така, ветува потенцијал за соработка и колективен раст, каде што можат да никнат нови партнерства, што доведува до синергии кои можат значително да ги подигнат индивидуалните и колективните перформанси, катализирајќи го севкупниот развој на бизнисот и значително придонесувајќи за растот и успехот,“ објаснува Анастасова. 

Постојат две можности за учество – со пријавување на тим или пак со понуда за индивидуално учество преку единечните карти. Early Bird влезниците за Innovate.X 2024 веќе се достапни на ОВОЈ ЛИНК.

Организаторите исто така овозможија и опција за единечни карти, односно 35 карти за индивидуално учество на Innovate.X 2024, каде учесниците ќе можат да учествуваат во продуктивната работилница на тема “AI and the Future of How We Connect with Our Customers”, и да слушнат што носат новите трендови и технологии и како влијаат на нивните клиенти и потрошувачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk