Дури и да не сте графички дизајнер кој понекогаш има работа со слики со лош квалитет, веројатно сте се сретнале со слики кои ви се допаѓаат, но имаат ужасен квалитет. Благодарение на развојот на вештачката интелигенција и повеќе различни техники, поправањето на слики со лоша резолуција веќе не премногу тешко.
Онлајн се достапни куп алатки како Photo Enhancer од Fotor или Let’s Enhance. Најголем дел од овие сервиси имаат бесплатна верзија и се супер лесни за користење. Корисникот едноставно ја качува сликата и одбира резолуција или зголемување. По обработката со вештачка интелигенција, корисникот едноставно ја презема новата слика.
Друга можност за сите сопственици на Photoshop се Neural Filters кои се достапни во популарниот софтвер. Функционалноста овозможува поправање на сликите со вештачка интелигенција. За разлика од алатките кои се достапни онлајн, Photoshop овозможува поголема флексибилност. Различни делови на сликите може да се обработат различно, што овозможува подобри резултати на крајот. Користењето на Neural Filters е едноставно. Корисникот ги одбира Neural Filters од листата на филтри. Потоа може да одбере што точно сака да направи. Функционалноста која се користи е „JPEG Artifact removal“. Дополнително ако е потребно може да одбере различен интензитет (Strength) кој ќе биде употребен. Корисникот ја селектира опцијата и нема потреба од никаква дополнителна интеракција. Веднаш по ова, сликата автоматски се поправа.
Обработката се прави директно на компјутерот, што има добра и лоша страна. Добрата е што не мора да се грижите за приватноста. Лоша вест е дека обработка е процес кој е „тежок“ за ресурсите. Поради ова корисникот ќе мора да биде трпелив. Ова пред се важи за поголеми слики за чие уредување може да биде потребно многу време.
За повеќе детали и трикови како да ги уредите сликите може да го погледнете видеото на PiXimperfect.