Raspberry Pi, мини-PC-то кое работи на Linux и чини само 35 долари, се распродаде за еден ден

во Хардвер

Три години по формирањето Raspberry PI групацијата, чија цел е да се промовира изучувањето на информатичката технологија, успеа да ја исполнат првата зацртана цел – конструкција и дизајн на ефтин и функционален компјутер.

Идејата зад ова е да се направи програмирањето да биде достапно за сите, овозможувајќи им на сите да купат подобрена верзија на Raspberry PI за само e 35 долари. Нема сомнеж дека ваквата цена е привлечна, бидејќи за само еден ден се распродаде првата испорака на 10.000 мини PC-ja, а се нарачаа дополнителни 250.000.

Полуларноста на Raspberry PI покрај цената од 25 и 35 долари се должи најмногу на неговите спецификации: работи на Linux, има 700MHz процесор, 256 МB RAM меморија, поддршка за SD картички, две USB порти, Еthernet, HDMI и RCA излези и можност за 1080p HD репродукција. Сето ова е спакувано на плочка која е малку поголема од кредитна картичка! Со цел да за што е можно пониска цена, Rasberry PI пристига единствено како плочка без куќиште, иако некои од корисниците имаат изработено идејни решенија за куќиште, додека повеќето веруваат дека може да биде поамбициозен проект за ефтина цена.

Rasperry Pi Foundation е доброволна организација, регистрирана во Англија и во Велс. Фондацијата е подржана од Универзитетот Кембриџ и Broadcom. Целта на организацијата е да го промовира изучувањето на информатичката технологија во училиштата.

[youtube]jMlOiMXeeP0[/youtube]

[youtube]rhptpw3v7j8[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments