Voice Answer е алтернатива на Siri за корисниците без iPhone 4S

Voice Answer на холандските Sparkling Apps се појави на iTunes, откако претходно беше одбивана скоро три месеци од Apple, кој очигледно сакаше да го зачуваат својот говорен асистент како ексклузивен, иако достапен само на iPhone 4S.

Како Siri, и Voice Answer е базиран на податоци извлечени од семантичкиот пребарувач Wolfram Alpha. Како и со Siri, и со Voice Answer корисниците ќе можат да комуницираат преку говор со апликацијата, како и да впишат прашање. За разлика од Siri кој доаѓа бесплатно преинсталиран на iPhone 4S, Voice Answer чини околу 4 долари.

Откако сега е достапна, програмерот Маријн ван дер Спек вели, за TechCrunch, дека сега ќе започнат со имплементација на дополнителни функционалности како наоѓање на локација, пребарување на имејл и SMS, и повеќе гласовни команди.

[youtube]s_xpeAXCfLc[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk