Хардвер новости од минатата недела: Куп лаптопи, нови буџет графички и процесори

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Минатата недела благодарение на најголемиот саем за техника CES 2022 имавме можност да видиме куп импресивен и интересен хардвер. Куп лаптопи, AMD и Nvidia објавија нови буџет графички картички, куп монитори и што уште не. Еве дел од поинтересните хардвер вести.

Microsoft сам го расклопи Surface

Вообичаено за видеата во кои гледаме расклопување на телефони, таблет и лаптоп компјутери треба да ги почекаме iFixit. Овојпат Microsoft сам издаде видео на расклопување на Surface Laptop SE.

Видеото е детално и не само што го покажува целиот процес на расклопување, туку може да видиме и кој алат е потребен за целосно отворање на лаптоп. Целиот лаптоп е изработен од неколку компоненти кои лесно се раскопуваат и менуваат, што не беше случај со Surface моделите досега. Ако се надевате дека може да замените некои од компонентите на Surface Laptop SE ќе мора да ве разочараме. Се е на плочата и нема никаков простор за менување, со исклучок на Wi-Fi модулот, звучниците и батеријата.

AMD и Nvidia претставија буџет графички картички

Двата производители на графички картички го искористија CES 2022 да ја претстават следната генерација на графички картички во буџет сериите. AMD ја претстави Radeon RX 6500 XT, а Nvidia RTX 3050. Картичките се наменети за корисниците кои не сакаат да потрошат многу пари, но сепак сакаат видеоигри. Секако не станува збор за неверојатни перформанси, но се доволни за поскромен гејминг на 1080р.

Лоша вест е дека двете картички и нема да имаат можност да ја пополнат дупката која е отворена поради недостатокот на чипови и зголемената побарувачка на копачите на криптовалути. Картичките веројатно ќе бидат лансирани во помали серии кој веројатно ќе бидат веднаш апсорбирани на пазарот. RX 6500 XT излегува на 19 јануари, а RTX 3050 на 27 јануари. Цената на картичките е 200 и 250 долари.

Она што е интересно е дека AMD намерно ја направи картичката лоша за копање на криптовалути. Клучна разлика помеѓу двете картички всушност е меморијата (секако има и други разлики кои влијаат на перформансите). Nvidia 3050 доаѓа со 8GB DDR6 VRAM со 128-битен интерфејс; RTX 6500 XT доаѓа so 4GB DDR6 VRAM со 64-битен мемориски интерфејс. Меморијата на AMD картичката е речиси минимум за поновите игри, но тоа ја прави картичката лоша за копање криптовалути и во теорија, непожелна за криптокопачите. Сепак меморијата која ја користи AMD е исклучително брза, максималната работна фреквенција (boost) е до 2,815 MHz. Ова треба да помогне да се надмине малото количество меморија и бавниот мемориски интерфејс. Дали ова е доволно да ги одврати копачите од купување на картичката и дали е доволно за гејминг ќе дознаеме наскоро.

Lenovo претстави лаптоп со ултраширок екран

Производителите на лаптопи се обидуваат на секој начин да не убедат дека нивниот модел е подобар од конкуренцијата. Таргет публика на Lenovo за следната генерација на лаптопи би можеле да бидат илустраторите и графичките дизајнери. ThinkBook Plus Gen 3 доаѓа со 17.3-инчен 21:10 екран кој доаѓа со вграден таблет во основата.

ThinkBook Plus Gen 3 доаѓа со навистина импресивен  IPS-екран so 3072×1440 резолуција. Дополнителниот 8-инчен екран сместен веднаш до тастатурата може да се користи за цртање, но и за сместување на Photoshop алатки; апликации, на пример калкулатор; или како дополнително старт мени.

Што се однесува до хардверот, ThinkBook Plus Gen 3 доаѓа со 12-та генерација Intel Core I-series процесор; 32GB LPDDR5 RAM; 2TB PCIe 4.0 SSD. Лаптопот има две USB-C порти, од кои едната е Thunderbolt 4, две USB-A порти, HDMI порта, и аудио приклучок. Компјутерот пристига во мај и ќе чини 1400 долари.

Флексибилните екрани доаѓаат

Оваа година ASUS е компанијата која се погрижи на саемот да не останеме без уреди со флексибилен екран. Новиот лаптоп на ASUS – Zenbook 17 Fold OLED доаѓа со 17-инен екран кој може да се превитка во 12,5 инчи. Ова овозможува лаптопот да има еден голем екран или два 12,5-инчини екрани. Кога е превиткан екранот може да се користи како два екрани во континуитет.

Расклопен екранот е резолуција 3560х1920. Кога ќе се преклопи двата екрани се со резолуција 1920×1080. ASUS гарантира дека екранот може да безбедно да се превиткува пред да има штета барем 30000 пати. Лаптопот доаѓа со 12-та генерација Intel Core i7 процесор; 16GB RAM; 1TB PCIe 4.0 SSD.

Според најавата Zenbook 17 Fold OLED треба да биде достапен по првото тримесечје на 2022 година.

Intel го претстави новиот i9 процесор побрз од Apple M1 Max

Работна фреквенција од 5GHz и 14 јадра (6-јадра за високи перформанси и 8-ефикасни јадра) се доволни за новиот Intel Core i9 12900HK да биде најбрзиот мобилен процесор на пазарот. Intel објави дека перформансите на новиот процесор се доволни да го надминат Apple M1 Max. Intel Core i9 12900HK има максимална фреквенција од 5GHz, и доаѓа со 14 физички и 20 виртуелни јадра.

Intel unveils the 12th Gen Intel Core mobile processor family with the launch of eight new mobile H-series processors, based on Intel’s performance hybrid architecture. The eight new mobile processors were introduced Jan. 4, 2022. (Credit: Intel Corporation)

Процесорите беа претставени на CES 2022, а присутните можеа да видат дури 28 нови мобилни процесори. Intel ветува дека оваа 12-та генерација ќе биде дури 40% побрза од претходната.

Перформансите на бенчмарк тестовите на Intel веројатно ќе покажат дека кога перформансите се во прашање Intel ќе има супериорен чип. Сепак кога ефикасноста е во прашање речиси без сомневање M1 Max ќе биде значително подобар. Со оглед на тоа дека станува збор за процесори за мобилни уреди ефикасноста е од исклучителна важност.

Новите мобилни процесори на Intel ќе бидат достапни оваа година.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Минатата недела AMD ја најави буџет графичката картичка Radeon RX 6500 XT. Картичката излезе на 19-ти јануари, а веќе се достапни и првите рецензии. Секако никој не очекува од графичка картичка која чини 200 долари импресивни перформанси, но првите прегледи се брутални. […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk