Холографскиот телефон е сѐ поблиску до пазарот. Производителот на камери RED, го најави овој телефон во јуни, но засега сè уште сме без премногу податоци за телефонот. Сепак, компанијата на својот форум срамежливо најавува дека првите нарачки започнуваат во април.
Новитет се неколку технички спецификации на уредот. Официјално Hydrogen One доаѓа со Snapdragon 835x прoцесор. Екранот е со резолуција 2.560 x 1.440. Телефонот ќе биде малку поголем од 5.7-инчен телефон. Oва се однесува на ширината, висината и должината. Батеријата е 4.500mA.
Но, хардверот не е она што го прави телефонот поинаков. Најавата дека телефонот ќе може да прикажува холограмска содржина треба да ја направи разликата.
„Во 4В модот (холографски), екранот малку се затемнува и од него излегува содржина подобра од 3д-слика… Не се потребни очила. Нема начин да го објасниме ова. Мора да го видите… Досега сите што го виделе или воздивнале или опцуле или се смееле. Посакувам да ги снимавме реакциите“.
Секако ќе почекаме да видиме што нуди Hydrogen One.







