Имате стар телефон, но не и некаква функција за него? Во оваа прилика разгледуваме три начини на кои можете да му вдахнете нова цел на стариот телефонот.
Претворете го телефонот во видео рекордер за вашето возило
Користејќи апликација која се вика Dashcam, можете да го претворите вашиот телефон во функционален видео рекордер за вашето возило. Преку апликацијата, телефонот автоматски и постојано ќе снима видеа додека возите. Штом снема простор, апликацијата ги брише најстарите снимки и ги заменува со нови.
Претворете го телефонот во веб камера за вашиот компјутер
Користејќи апликација која се вика DroidCam можете да ја претворите вашата android направа во вебкамера. По инсталирање на апликацијата, го поврзувате вашиот телефон со компјутерот и можете да започнете со видео сесиите, целото искуство со апликацијата е задоволително, поврзувањето е брзо, а преносот – квалитетен. Навистина нема потреба од купување засебна веб камера.
Претворете го телефонот во безбедносна камера
Користејќи апликација која се вика WardenCam, можете да го поставите стариот телефон на прегледно место и да започнете со снимање на вашиот имот. Преку апликацијата ќе се забележува движење и инстантно ќе бидете известени за потенцијални натрапници. Снимките можат да се складираат на облак или да се гледаат во живо преку друг телефон.
Имате некоја друга идеја за тоа како да се искористат телефоните кои ви се мотаат по домот? Кажете ни во коментарите!
Baby Cam / Monitor