Што е Синдром на фантомски вибрации?

Дали некогаш ви се случило да почувствувате дека телефонот ви вибрира, но кога ќе го погледнете, на екранот нема ништо. Ако одговоривте потврдно, немате причина за грижа. Синдромот на фантомски вибрации или фантомско ѕвонење не е нов, па дури не е потребно да го имате телефонот при рака за да го почувствувате. Фантомското ѕвонење може да се случи насекаде: на каучот додека гледаме телевизија; додека се возиме во автобус; за време на туширањето.

Што е Синдром на фантомски вибрации

Според Wikipedia Синдром на фантомски вибрации е перцепција дека мобилниот телефон вибрира или ѕвони дури и кога не го прави ова. Лекарот Мајкл Ротберг вели дека користиме погрешен термин. Всушност не станува збор за синдром, „феноменот“подобро се карактеризира како тактилна халуцинација, бидејќи мозокот перцепира чувство што всушност не е присутно.

Иако имињата кои се користат за синдромот се поврзуваат со паметни телефони (phantom ringing syndrome, ringxiety, fauxcellarm, phonetom или phantom phone signals) синдромот започнува порано, со појавата на пејџерите кои вибрираат. Уште во 1996-та година Скот Адамс во стрипот Dilbert имаше референца за „phantom-pager syndromе“. Симптомите опишани во стрипот се како кај паметните телефони, само што во овој случај станува збор за пејџер.

Првото истражување е направено 2007-ма година, а терминот Синдром на фантомски вибрации е прифатен од 2012-та година.

Причини поради кои чувствуваме вибрации кои не се таму

Засега не ги знаеме причините поради кои ги чувствуваме вибрациите кои не се таму. Една од теориите е зависноста на луѓето од телефоните и стекната телесна навика. Човечкиот мозок има тенденција да биде хиперсенситивен на дразби, уште повеќе ако очекуваме некоја важна ккомуникација. Друга теорија вели дека мозокот можеби погрешно интрепретира некој од дразбите, па мускулна контракција, триење на облеката од телото, или рингтон, може да бидат причина за фантомските вибрации.

Синдромот може да се појави по користење на телефонот од еден месец до една година. Во последните десетина години паментите телефони се секојдневие на најголем дел од луѓето, па и синдромот е почест. Професионалците кои активно користат телефони, без разлика дали станува збор за повик или порака се поверојатни „жртви“ на фантомските вибрации.

Во 2010-та е објавено истражување направено од Мајкл Ротберг со фокус на ризик факторите за чувствување на фантомски вибрации.

Резултатите од истражувањето покажале дека од 169 медицински лица кои учествувале како испитаници, 115 чувствувале фантомски вибрации. Голем дел од нив користеле мобилен телефон помеѓу еден месец и една година. Дури 13 отсто од испитаниците кои ги чувствувале фантомските вибрации, ги имале секојдневно.

Она што истражувањето го покажало е дека има четири фактори кои влијаат на синдромот. Влијание има од тоа колку долго лекарот практикува медицина; каде го носи телефонот, во џеб од кошула или на панталоните; колку часа во текот на денот го носи телефонот; колку често е вклучено ѕвонењето, а колку вибрациите.

Истражување од 2015-та направено на 290 студенти кои редовно користат паметни телефони, покажало дека 89% од нив чувствуваат фантомски вибрации, а дури 40% ги чувствуваат барем еднаш неделно.

Може ли да ги спречите фантомските вибрации

Во општ случај чувствувањето на фантомски вибрации не е опасно за луѓето. Сепак во некои случаи може да доведат до вознемиреност и анксиозност.

Добра вест е дека истражувањето всушност успеало да дојде и до податоци како да се намалат симптомите. Корисниците кои ја промениле локацијата на уредот или ги гаселе вибрациите забележале намалување на симптомите. Промени имало и кај корисниците кои ги замениле своите уреди со други.

Покрај ова за справување со синдомот корисниците може да преземат некои дополнителни мерки.

  • Да бидат свесни дека фантомските вибрации се чест феномен.
  • Поместување на телефонот од џеб на маса.
  • Ако не може да ги исклучат во целост, тогаш правење промени за нотификациите, и намалување на ситуациите во кои се потребни вибрации.
  • Поретко користење на телефон, кога тоа не е неопходно.
  • Ако фантомските вибрации предизвикуваат значителна вознемиреност, обратете се на експерт за ментално здравје.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments