Проширената реалност победи на третиот CodeFest во Охрид

во ИТ.МК

32-часовниот хакатон во Охрид заврши со победа на проширената реалност. Тимот Togepi Crew од Битола ја понесе првата награда на CodeFest, дводневен настан oрганизиран од волонтери што се одржа на 18-ти и 19-ти април. Тимот претстави концепт за едукативна апликација со проширена реалност која користи 3Д модели за да го олесни учењето. Но, нивната идеја не беше единствена општествено применлива идеја, велат организаторите кои се неразмерно горди и „сè уште под импресии“ на успешниот настан.

„Меѓу идеите кои се презентираа на Codefest оваа година можеше да се забележи разновидност на општествено применливи идеи кои имаат вистинска можност да се реализираат и да станат реални продукти кои ќе им помагаат на луѓето“.

(Повеќе фотографии има на CodeFest/Facebook)

Второто место го освои тимот Coding Mates кои развиваа веб софтвер со кој пациентите можат да комуницираат со докторите, а трето-наградениот Developer’s Case претстави концепт на комбинација на хардвер и софтвер со кој може да се намали бројот на сообраќајните незгови, преку сензори вградени внатре во автомобилите.

На настанот имаше разновидност од работни сесии, забавни активности, дискусиони панели на разни теми, говори, презентации. Особено инспиративен беше говорот на Ербил Караман, продукт менаџер во Facebook Лондон, велат организаторите, кој успеа да собере огромна публика која на нозе и со силен аплауз го поздрави неговиот мотивационен говор. Од локалните говорници честа му падна на Марко Чаласан, македонскиот компјутерски гениј, да ги мотивираше тимовите со свое обраќање пред почетокот на финалните презентации.

(Повеќе фотографии има на CodeFest/Facebook)

(Повеќе фотографии има на CodeFest/Facebook)

(Повеќе фотографии има на CodeFest/Facebook)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk