Windows 10 доаѓа кон крајот на јули. Ова случајно го oткри Лиса Су, директор на AMD на презентирањето на заработката во првото тримесечие на 2015 година. „Имаме во предвид дека како што знаете Windows 10 ќе излезе кон крајот на јули и внимаваме на влијанието кое ќе го има, очекуваме дека ќе има застој во однос на претходните периоди кога излегува нов оперативен систем“, изјави г-ѓа. Су можеби без да знае дека Microsoft не сакаше до сега да даде конечен датум.
Досега Microsoft излегуваше со податок дека оперативниот систем Windows 10 ќе биде достапен налето, но сега прв пат дознаваме дека тоа ќе биде на крајот на јули. Податоците за издавање на нов оперативен систем, AMD ги добива од Microsoft за да може да го подготви хардверот за промените.
Windows 10 треба да биде достапен во 199 држави и на 111 јазици, а оперативниот систем треба да биде единствен за сите платформи, од паметни телефони и микрокомпјутери до десктоп компјутери. Надградбата на оперативниот систем ќе биде достапна за сите (дури и за пиратската верзија), а една од многуте најавените промени е долгоочекуваната замена на Internet Explorer со новиот прелистувач Spartan.







