0 коментари 2 мин. читање 22 април, 2015

Хрватскиот Rimac планира да произведе 800 електрични автомобили во 2020-та

Хрватскиот стартап за електрични автомобили Rimac Automobili, најавува дека во 2020 година планираат да произведат 800 автомобили, пренесува Netokracija. Бројката навистина е неимпресивна, но компанијата оваа година планира производство на само пет автомобили, што значи дека во 2020 година призводството на електрични автомобили ќе им биде зголемено 160 пати. Rimac сака да биде Ferrari, не Ford во светот на автомобилите и затоа произведува мал број на автомобили кои ќе бидат уникатни, oткри компанијата на презентација на Startup AddVenture, конфернеција која оваа година го посети и Загреб.

„Rimac Automobili својот прв електричен автомобил го креираа од ништо, а се започна од ентузијазмот и желбата да се спојат две љубови автомобилите и електрониката“, вели основачот Мате Римац. „Мојата идеја секогаш беше подобрување на спортските автомобили. Сметаме дека со наша конфигурација можат да бидат далеку подобри од традиционалните спортски автомобили“.

Најголема предност на електричните автомобили е што системот овозможува поголема безбедност при возењето, а возачот не мора да знае за процесите кои се одвиваат во позадина – процесите можат да се прилагодат во зависност од видот на возењето и возачот. Оваа персонализација не е возможна во традиционалните возила. Најголемиот проблем пак на електричните возила г.Римац го лоцира во батеријата која не само што сега може да се надградува, туку и во иднина е елемент кој ќе треба постојано да се подобрува.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top